Бен Афлек ја поканил Џенифер Гарнер на свадба и покрај јавните кавги - што мисли Џеј Ло за нивниот однос?

Бен Афлек изјави дека се вљубил во Џенифер Гарнер пред да раскине со Џеј Ло. Но и покрај ова, се чини дека на Џеј Ло воопшто не ѝ пречи тоа што актерите се блиски, па тој дури и ја поканил на нивната свадба. 

ben-aflek-se-vljubil-vo-dzhenifer-garner-dodeka-beshe-vo-vrska-so-dzhej-lo-vo-kakov-odnos-se-dvete-zheni-po-svadbata-01.jpg

Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа во брак цела деценија, а по разводот го задржаа пријателскиот однос поради нивните деца.

Тие се разделија бидејќи Бен Афлек ја изневери актерката со нивната дадилка.

Добро познат факт е дека додека беа заедно, Џенифер го даваше најдоброто од себе за да му помогне на актерот да се справи со проблемите со алкохолизмот. Од друга страна, Бен Афлек неколкупати има изјавено лоши работи за актерката.

ben-aflek-se-vljubil-vo-dzhenifer-garner-dodeka-beshe-vo-vrska-so-dzhej-lo-vo-kakov-odnos-se-dvete-zheni-po-svadbata-06.jpg

На пример, тој смета дека доколку останел во брак со Гарнер, сигурно ќе продолжел да пие.

Изминативе неколку години има и бројни папарацо фотки на кои е јасно дека Бен и Џенифер се расправаат, а на скоро сите актерот изгледа многу гневен.

ben-aflek-se-vljubil-vo-dzhenifer-garner-dodeka-beshe-vo-vrska-so-dzhej-lo-vo-kakov-odnos-se-dvete-zheni-po-svadbata-07.jpg

Истовремено, актерот има изјавено дека се вљубил во Џенифер Гарнер додека бил во врска со Џеј Ло, а ова сигурно го комплицира нивниот однос.

Во интервју тој откри дека се вљубил во Гарнер додека го снимале филмот Daredevil во 2003 година, во периодот кога уште беше во врска со Џеј Ло. Но, не презел ништо во врска со неговите чувства сè додека не ставил крај на романсата со пејачката. 

ben-aflek-se-vljubil-vo-dzhenifer-garner-dodeka-beshe-vo-vrska-so-dzhej-lo-vo-kakov-odnos-se-dvete-zheni-po-svadbata-03.jpg

И покрај лошиот однос на Бен Афлек, се чини дека Џенифер Гарнер има само поддршка и добри зборови за бившиот, па дури и за неговата сегашна сопруга – Џеј Ло.

Џеј Ло, пак, изгледа не замерува што Гарнер го освоила Бен Афлек додека беа заедно. 

Всушност, Гарнер дури беше и поканета на свадбата Џеј Ло и Бен Афлек што се одржа викендов.

ben-aflek-se-vljubil-vo-dzhenifer-garner-dodeka-beshe-vo-vrska-so-dzhej-lo-vo-kakov-odnos-se-dvete-zheni-po-svadbata-09.jpg

Сепак, актерката морала да ја одбие поканата.

„Џенифер работи напорно на проект во Тексас и нема да присуствува на свадбата. Но, целосно го поддржува тоа што нејзините деца се на венчавката и генерално има само позитивно мислење за целата ситуација“, вели извор близок до актерката.

ben-aflek-se-vljubil-vo-dzhenifer-garner-dodeka-beshe-vo-vrska-so-dzhej-lo-vo-kakov-odnos-se-dvete-zheni-po-svadbata-11.jpg

Наводно, Гарнер не се фокусира премногу на односот со Бен, но била пресреќна што нејзините деца одлично се сложуваат со новата сопруга на нивниот татко.

„За неа нема ништо поважно од среќата на нејзините деца. Па, тоа што тие се чувствуваат среќно и се поврзаа со Џеј Ло е најдоброто нешто што може да го побара“.

ben-aflek-se-vljubil-vo-dzhenifer-garner-dodeka-beshe-vo-vrska-so-dzhej-lo-vo-kakov-odnos-se-dvete-zheni-po-svadbata-05.jpg

Друг извор вели дека иако не присуствувала, Гарнер веќе им честитала на младенците, но и дека Бен Афлек уште ја гледа како семејство, и покрај несогласувањата.

„Бен секогаш ја гледа Џенифер како семејство, па секако дека ѝ прати покана. Покрај тоа, Џенифер и Џеј Ло станаа многу блиски, па Џеј Ло сакаше да ја покани мајката на децата на Бен.

Џенифер знае дека децата ја обожаваат Џеј Ло и радосна е што се зближуваат со нивната нова маќеа. Џенифер им го посакува само најдоброто“.

ben-aflek-se-vljubil-vo-dzhenifer-garner-dodeka-beshe-vo-vrska-so-dzhej-lo-vo-kakov-odnos-se-dvete-zheni-po-svadbata-04.jpg

Џеј Ло и Бен Афлек се венчаа во јули годинава, со церемонија во Лас Вегас. Иако ова беше изненадување за јавноста, изворите тврдат дека Бен ја известил Џенифер Гарнер.

Актерката пак, била пресреќна.

„Таа им честита по венчавката во Вегас и им испрати убав букет цвеќе. Џеј Ло беше трогната од гестот и мисли дека е одлично што Бен и Гарнер уште се блиски.

Џеј Ло има добро влијание врз Бен, а Гарнер само сака тој да биде здрав, среќен и трезен за да може да биде татко на децата“.

ben-aflek-se-vljubil-vo-dzhenifer-garner-dodeka-beshe-vo-vrska-so-dzhej-lo-vo-kakov-odnos-se-dvete-zheni-po-svadbata-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Бен Афлек ја изневерувал, ја демнел маж со психички проблеми – Тажни детали од животот на Џенифер Га... Во период од неколку години, маж ја демнел Џенифер Гарнер, и покрај тоа што доби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg