Мадона (64) повторно провоцира – се бакнува со 2 девојки на роденденската прослава во Италија (фото+видео)
- Детали
- среда, 17 август 2022
Мадона го прослави 64-иот роденден во Италија, а на Инстаграм сподели видео од прославата на кое се бакнува со две девојки.
На 16-ти август Мадона наполни 64 години, а роденденската прослава не помина без провокации од страна на пејачката.
Музичката ѕвезда, која изминативе неколку години привлекува многу внимание со бизарното однесување, сподели видео од роденденската прослава на кое се бакнува со две девојки.
На видеото споделено на Инстаграм, Мадона најпрво танцува сама. Потоа седи во автомобил со двете девојки и почнува да се бакнува со нив.
Ова не е првпат Мадона да сподели ваков страстен бакнеж со девојка – до денес се зборува за легендарниот бакнеж со Бритни Спирс на MTV VMA во 2003 година.
За прослава во Италија, пејачката одбрала долг фустан со бел и син дезен, во комбинација со влечки на штикла со истиот дезен.
Пејачката сподели и неколку фотки од забавата, вклучувајќи и фотографии од посвоените ќерки Естер и Стела, што е вистинска реткост.
https://www.instagram.com/p/ChViL-9orZ9/
9-годишните девојчиња носеа фустанчиња со ист дезен како на Мадона.
Само неколку денови претходно, на 11-ти август, и синот на Мадона славеше роденден. 22-годишното момче, кое пејачката го доби со режисерот Гај Ричи, го прослави роденденот во кругот на семејството, исто така во Италија.
Мадона сподели видео и неколку фотки и од оваа прослава, и повторно ја искористи можноста за провокативни пози.
https://www.instagram.com/p/ChSh3v-Lwfz/
Спирова С. | Црнобело