Поранешната порно актерка Миа Калифа плаќа висока цена за минатото: „Каде и да одам ме следат сомнителни мажи“
- Детали
- вторник, 16 август 2022
Поранешната порно актерка Миа Калифа е мошне активна на социјалните мрежи, а редовно споделува фотографии и видеа од нејзините патувања. Но, иако се одлучи да се откаже од снимањето на филмови за возрасни, очигледно Миа не може да побегне од сопственото минато.
Таа неодамна беше на луксузна јахта во Мајами од каде сподели кратко видео на кое се гледа дека каде и да оди, постојано ја следат сомнителни мажи.
Во видеото што таа го објави на Инстаграм Стори се гледа дека таа ужива на јахта во Мајами, но ја врти камерата и можеме да видиме дека во друг брод ја следат 10-тина мажи.
„Мајами е супер, сѐ додека...“ - напиша таа на објавата...
Видеото погледнете го ТУКА.
Инаку, според објавите на Инстаграм, може да се забележи дека Миа во последниот период е постојано сама, а речиси нема трага од нејзиниот последен дечко, пејачот од Порторико, Јаи Кортез.
Миа објави видео на ТикТок кое набрзина собра 1,7 милиони прегледи, а на кое напиша:
„Кога си бил емотивно возрасен за време на целата врска, но сфаќаш дека не си побегнал од граѓанска војна за да се грижиш за нечиј недораснат син“.
Дел од нејзините следбеници сметаат дека таа на тој начин и официјално објавила дека раскинала со Јаи.