Беше во врска со Елен Деџенерис, бараат да ја исклучат од апарати – Која е актерката Ен Хеч, што доживеа страшна сообраќајна несреќа?

Пред една недела со автомобил удри во семејна куќа, а семејството информира дека најверојатно нема да преживее. Беше во врска со Елен Деџенерис, а откако раскинаа стапи во брак со маж со кого доби син – факти за Ен Хеч.

beshe-vo-vrska-so-elen-dedjeneris-se-veruva-deka-nema-da-prezhivee-po-strashnata-soobrachajna-nesrekja-koja-e-akterkata-en-hech-01.jpg

Актерката Ен Хеч (53) на 5-ти август актерката имаше тешка сообраќајна несреќа кога со својот автомобил Mini Cooper прво удри во гаража од станбен комплекс, по што поголем број луѓе се собрале да ѝ помогнат.

Таа ја одбила нивната помош и заминала со автомобилот, по што удрила во семејна куќа и нејзиниот автомобил веднаш се запалил.

beshe-vo-vrska-so-elen-dedjeneris-se-veruva-deka-nema-da-prezhivee-po-strashnata-soobrachajna-nesrekja-koja-e-akterkata-en-hech-03.jpg

Една недела подоцна, нејзиното семејство треба да донесе тешка одлука за тоа дали да се исклучат апаратите што во изминатите неколку дена ја оддржуваат актерката во живот, а одлуката се очекува да биде донесена откако ќе се утврди дали нејзините органи може да се донираат.

beshe-vo-vrska-so-elen-dedjeneris-se-veruva-deka-nema-da-prezhivee-po-strashnata-soobrachajna-nesrekja-koja-e-akterkata-en-hech-09.jpg

Не се очекува дека Ен ќе ги преживее повредите со кои се здоби во страшната сообраќајна несреќа.

Според информациите што нејзиното семејство ги даде во официјално соопштение, кај актерката нема мозочна функција и најверојатно ќе биде исклучена од животна поддршка.

Според анализите на крвта кај Ен било забележено огромно количество на опојни супстанци, а се верува дека актерката пред да седне зад воланот консумирала поголемо количество кокаин.

Која е актерката Ен Хеч и што знаеме за неа?

Во продолжение неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле, а што ја одбележаа нејзината кариера:

Ен е родена во 1969-та година во Аурора, Охајо, во конзервативно семејство, а татко ѝ бил диригент во црковен хор. Имала четворица браќа и сестри, од кои тројца се починати, а татко ѝ починал додека Ен сѐ уште била тинејџер.

beshe-vo-vrska-so-elen-dedjeneris-se-veruva-deka-nema-da-prezhivee-po-strashnata-soobrachajna-nesrekja-koja-e-akterkata-en-hech-04.jpg

Актерката отворено зборуваше за своето тешко детство и во своите мемоари Call me Crazy тврдеше дека била злоупотребувана од татко ѝ. Мајка ѝ и сестра ѝ од друга страна, ги негираа ваквите тврдења и ги прекинаа сите контакти со актерката.

beshe-vo-vrska-so-elen-dedjeneris-se-veruva-deka-nema-da-prezhivee-po-strashnata-soobrachajna-nesrekja-koja-e-akterkata-en-hech-05.jpg

Првата улога ја доби веднаш штом го заврши средното образование во ТВ серијата Another World каде играше близначки. По ова следуваа повеќе покрупни филмски проекти, а најпозната е по улогата во филмот Six Days Seven Nights со Харисон Форд.

Освен по големиот број филмски успеси Ен Хеч ќе остане запаметена и како поранешна партнерка на Елен Деџенерис со која беше во врска во периодот од 1997-ма до 2000-та година.

beshe-vo-vrska-so-elen-dedjeneris-se-veruva-deka-nema-da-prezhivee-po-strashnata-soobrachajna-nesrekja-koja-e-akterkata-en-hech-06.jpg

Елен и Ен привлекуваа многу внимание со нивната врска, а Ен во една прилика откри како на премиерата на нејзиниот филм Volcano одлучила да оди заедно со Елен на црвениот тепих, а ѝ рекле да си замине уште пред да заврши филмот и не ѝ дозволиле да оди на забавата.

beshe-vo-vrska-so-elen-dedjeneris-se-veruva-deka-nema-da-prezhivee-po-strashnata-soobrachajna-nesrekja-koja-e-akterkata-en-hech-07.jpg

Во 2000-тата кога раскинаа, двете тврдеа дека помеѓу нив згаснала љубовта и дека заради тоа се разделуваат. Елен остана да живее во нејзината куќа, додека Ен се пресели кај пријатели.

По разделбата со Елен, Ен во 2001-ва година се омажи за агентот за недвижности Коли Лафон со кого го доби синот Хомер (20). Сепак нивниот брак траеше до 2009-та година кога се разведоа. Ен и Коли долго време водеа битка за старателството над синот.

beshe-vo-vrska-so-elen-dedjeneris-se-veruva-deka-nema-da-prezhivee-po-strashnata-soobrachajna-nesrekja-koja-e-akterkata-en-hech-08.jpg

Во 2006-та година таа започна врска со Џејмс Тупер со кого го доби синот Атлас (13). Таа и Џејмс долги години наназад водат битка за старателство. Во судските документи стои дека Џејмс ја обвинил за долгогодишно користење опојни супстанци.

 beshe-vo-vrska-so-elen-dedjeneris-se-veruva-deka-nema-da-prezhivee-po-strashnata-soobrachajna-nesrekja-koja-e-akterkata-en-hech-12.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg