„Сама си ризикуваше“ – Твитерџиите убедени дека Бен Афлек му се вратил на алкохолот по свадбата со Џеј Ло во Лас Вегас (фото)
- Детали
- среда, 10 август 2022
По кратката разделба заради ангажмани Бен Афлек и Џеј Ло повторно се споија. Парот се бакнува страсно како никој да не ги гледа, а актерот е во видно неуредно издание, откако почнаа да се шират гласини дека тој повторно им се вратил на старите пороци и неговата нова сопруга го испратила во САД да побара помош.
Откако го поминаа заедно медениот месец со семејството во Париз, Бен Афлек (49) и Џенифер Лопез (52) се поделија на различни страни на одредено време. Според пишувањата во медиумите, славниот пар верувал дека со овој чекор ќе ја подобрат врската и бракот.
Според Hollywood Life двајцата актери одлучиле да се разделат неколку денови откако завршил нивниот месец во Европа и да се посветат на работните ангажмани.
Во тие неколку денови имавме можност да видиме дека Џеј Ло сними жешка фотосесија во Италија, каде позираше во костими за капење, a Бен се врати во Лос Анџелес.
Прочитајте и На Бен Афлек му се смачи од медениот месец - Фотки на кои актерот е во лошо расположение додека шета низ Париз
Сепак, дел од медиумите и корисниците на социјалните мрежи тврдат дека разделбата е заради тоа што актерот повторно им се вратил на старите пороци, односно на алкохолот и дека заради тоа морал да се врати во САД.
Според Marca, наводно Џеј Ло побарала од него да се врати во САД и да побара помош затоа што тој повторно има проблеми со алкохолот.
За време на нивниот меден месец во Париз на голем дел од фотографиите можеше да се забележи дека актерот е во лошо расположение и постојано уморен, а неговите фотографии од бродот каде што спие со отворена уста станаа хит-меме на Твитер.
I should be spending every summer weekend on a boat sleeping like Ben Affleck pic.twitter.com/hLz3fPxGQ8
— Karla Rodriguez (@ohkarli_) July 23, 2022
„Веројатно бил пијан и се онесвестил“, „Зошто спие на стол кога има кревет зад него“ - стои во дел од коментарите под твитот.
Од друга страна, други ѝ честитаа на Џеј Ло затоа што собрала храброст да се омажи за Бен во Лас Вегас, градот што е познат по пиење алкохол и коцка – пороците со кои актерот се соочува со години.
„Ако тоа не е преземање ризик, не знам што е“ – стои во еден твит.
JLo took Ben Affleck to Las Vegas -- known for gambling, drinking, and hookers -- and walked away with a husband. This is the risk-taking and leadership we need during these dark times.#Bennifer https://t.co/Jf5Js0YZOv
— Sinead O'Brien (@Sinead_OBrien5) July 17, 2022
Сепак, по неколку дена разделеност, Бен и Џенифер се повторно заедно, а на фотографиите може да се забележи дека Бен повторно е во малку неуредно издание.
Инаку, за потсетување, актерот повеќепати досега бил на рехабилитација за откажување од алкохол, а се чинеше дека во последниот период добро се справува со борбата против пороците.
Сепак, се знае дека секојпат кога е под поголем медиумски притисок тој честопати им се враќа на старите пороци.
Таков беше случајот со улогата во филмот Batman, а минатата година дури и ја обвини поранешната сопруга Џенифер Гарнер за проблемот со алкохолот и рече дека се чувствувал заробен во бракот и заради тоа посегнал по алкохолот.
Сепак, засега ова се само шпекулации.
Б. С. Б. | Црнобело