Ѝ давал дрога на малолетна девојка, ѝ го зел пасошот и ја малтретирал – сите скандали на најпроблематичниот актер во Холивуд
- Детали
- сабота, 13 август 2022
Нападнал неколку жени, вознемирувал малолетнички и се возел низ САД носејќи оружје во автомобилот – како Езра Милер, актерот на кого сите му предвидуваа блескава кариера, си ја уништи за само година-две?
Езра Милер е актер кој се прослави благодарение на култниот лик The Flash. Тој го глумеше суперхеројот во неколку филмови и серии на DC и речиси веднаш ги освои фановите со својот талент.
Тој се појави и во серијалот Fantastic Beasts and Where to Find Them, но и бројни други популарни филмови.
Но, како што се зголемуваше неговата популарност, актерот почна да се однесува сè попроблематично.
Всушност, неговото однесување е недолично до тој степен, што актерот веќе се наоѓа на „црната листа“ на Холивуд и веројатно никој нема да сака да му даде улога.
29-годишниот Езра Милер досега се има соочено со обвиненија за напад, говор на омраза, поседување дрога и оружје, па дури и вознемирување малолетници.
Што сè има направено актерот досега и како успеа да си ја уништи кариерата за само неколку години?
Во 2011 година, пред да стане светски познат, актерот беше уапсен за поседување марихуана. Ова е можеби неговиот прв судир со законот, но не се ни споредува со она што следува.
Во 2018 година, актерот го привлече вниманието на јавноста откако изјави дека бил вознемируван од извесен режисер и продуцент кој му понудил улога во филм. Актерот тврдеше дека тогаш бил малолетен, но не е познато што точно се случило.
Јавноста почна да станува свесна за проблематичното однесување на актерот во 2020 година, кога на интернет беше споделено вознемирувачко видео. Во видеото се гледа како актерот фаќа жена за врат, по што ја фрла на земја.
Според извор на магазинот Variety кој го сподели видеото меѓу првите, жената била дел од група обожаватели кои му досадувале на актерот. Инцидентот се случил пред бар во Рејкјавик.
Актерот „издржа“ без скандал речиси две години, пред да биде уапсен во март 2022 година за нарушување на редот и мирот. Инцидентот се случи во бар во Хаваи, а според полицајците кои го уапсиле тој бил агресивен, ги навредувал гостите, па дури и пробал да удри маж.
Повторно во март во Хаваи, две лица побарале и забрана за приближување за актерот бидејќи им влегол во хотелската соба, им се заканувал, па дури и им украл неколку предмети, вклучувајќи пасош и паричник.
Како сето ова да не е доволно, истиот период актерот добил казна и за предизвикување проблеми во сообраќајот. На крај беше ослободен од сите обвиненија, откако плати казна од 500 долари.
Но, во мај актерот повторно беше уапсен, овојпат бидејќи нападнал жена – фрлил стол кон неа и ја удрил во главата.