По загубата на бебето, Криси Тајген објави дека повторно е бремена: „Примив милијарда инјекции, модринките се гледаат“
- Детали
- четврток, 04 август 2022
„Кога ќе го слушнам отчукувањето на срцето на моето бебе чувствувам олеснување“ – вели Криси Тајген која пред 2 години го загуби бебето, а сега објави дека по долгите третмани за неплодност, повторно е бремена.
По загубата на бебето во поодмината фаза од бременоста пред 2 години, моделот и авторка на книги за рецепти, Криси Тајген (36) објави на социјалните мрежи дека го очекува своето трето дете заедно со сопругот Џон Леџенд (43).
Криси Тајген на Инстаграм објави фотографии на кои е во проѕирна долна облека од Gucci која чини околу 520 долари и ја покажа големата модринка на нејзината нога.
Но, овојпат никој не гледаше во секси долната облека, туку во нејзиниот труднички стомак.
„Последните неколку години во најмала рака постојано имав измешани емоции, но нашиот дом и срца повторно се исполнети со радост.
По 1 милијарда инјекции (во последниот период во ногата, како што можете да видите) конечно сум бремена повторно.
На секој преглед си велев себеси, ‘во ред, ако е сѐ како што треба денес ќе објавам’, но кога ќе го слушнам отчукувањето на срцето на моето бебе чувствувам олеснување и сфаќам дека сѐ уште сум нервозна.
Не верувам дека ќе се случи некогаш да излезам од преглед и да бидам повеќе возбудена отколку што сум нервозна, но досега сѐ е во ред и се чувствувам прекрасно, и конечно ми се врати надежта. Во ред, признавам, тешко беше да молчам толку долго“ – напиша Криси до фотографиите.
Во октомври 2020-та година Криси Тајген и Џон Леџенд го загубија синот Џек во спонтан абортус, по што таа објави емотивни фотографии од болницата.
Минатата година, таа најави дека со сопругот повторно ќе се обидат да станат родители по пат на вештачко оплодување. Инаку Криси и Џон заедно ги имаат децата Луна (4) и Мајлс (4).
Прочитајте и Криси Тајген за изгубеното бебе: „Ја носиме неговата пепел на патувања, децата му оставаат чаша вода“
Б. С. Б. | Црнобело