Криси Тајген за изгубеното бебе: „Ја носиме неговата пепел на патувања, децата му оставаат чаша вода“

Криси Тајген вели дека ја чуваат пепелта на синот Џек што го изгуби минатата година, но и дека ја носат со нив на патувања, а наводно ова им помагало на децата полесно да се справат со загубата и да сфатат дека иако мртво, братчето Џек е сепак со нив.

ja-nosime-negovata-pepel-na-patuvanja-decata-mu-ostavaat-chasha-voda-krisi-tajgen-otkriva-kako-se-spravuva-so-zagubata-na-deteto-01.jpg

Во неодамнешно интервју Криси Тајген откри колку се променила откако го изгуби детето минатата година, но и како нејзините деца – 5-годишната Луна и 3-годишниот Мајлс – се справуваат со загубата.

Криси претходно откри дека го кремирале неговото тело, а во интервју за Scary Mommy изјави дека децата неретко инсистираат да ја носат неговата пепел кога одат на некое патување.

„Секојпат кога одиме на одмор или слично, ми велат ’Не го заборавај Џек!‘ И, тогаш треба да го земеме и него“.

ja-nosime-negovata-pepel-na-patuvanja-decata-mu-ostavaat-chasha-voda-krisi-tajgen-otkriva-kako-se-spravuva-so-zagubata-na-deteto-06.jpg

Криси вели и дека Луна и Мајлс сакале да оставаат чаша вода до урната.

„Кога ќе тргнеме каде било, ќе речат ’Мора да е жеден‘. Можеби ова им звучи лудо на другите, но тие ставаат мала чаша вода до неговата урна. И, навистина сакаат што се дел од тоа“.

35-годишниот модел открива дека во семејството често зборуваат за Џек, а тоа што ја зачувале неговата пепел им помага на сите, особено на децата, да ја прифатат тажната реалност.

„Кога цртаат нешто на училиште, го цртаат Џек како ангел. Често зборуваме за него“.

ja-nosime-negovata-pepel-na-patuvanja-decata-mu-ostavaat-chasha-voda-krisi-tajgen-otkriva-kako-se-spravuva-so-zagubata-na-deteto-04.jpg

Според Криси, нејзините деца претчувствувале дека нешто не е во ред уште неколку денови пред таа да го изгуби Џек.

„Го забележуваа нашиот немир. Еднаш кога отидов во тоалет Луна ме чекаше пред врата и кога излегов ми рече ’Уште ли крвавиш?‘ Знаеше сè. Па, не можев да ги заштитам од тоа, дури и да сакав.

Им кажавме дека го изгубивме бебето, но дури кога ја добивме неговата пепел почнаа да сфаќаат и да велат ’Еве го со нас, не преживеа‘. По ова можевме да им речеме ’Џек е тука и ќе остане со нас‘“.

ja-nosime-negovata-pepel-na-patuvanja-decata-mu-ostavaat-chasha-voda-krisi-tajgen-otkriva-kako-se-spravuva-so-zagubata-na-deteto-05.jpg

Таа смета дека иако можеби никогаш нема целосно да ја разберат трагедијата, неговата урна им помага полесно да се справат.

„Можеби еден ден ќе го ослободиме. Сигурно му се допаѓа што уште мислиме на него и уште имаме емоции, но, најмногу од сè, сака што зборуваме за него. Со ова децата знаат дека Џек уште е важен дел од нашите животи“.

ja-nosime-negovata-pepel-na-patuvanja-decata-mu-ostavaat-chasha-voda-krisi-tajgen-otkriva-kako-se-spravuva-so-zagubata-na-deteto-07.jpg

Криси вели дека трагичниот настан ја натерал добро да размисли за нејзините животни навики, но и да направи драстични промени.

„Пред да останам бремена со Џек, не водев здрав живот. Не го третирав моето тело како што треба, посебно со алкохолот. Го исмејував вежбањето и ги исмејував пријателите кои беа опседнати со теретана. Па, мислам дека ако го родев Џек, немаше да сфатам колку е скапоцен животот и колку е скапоцено моето тело“.

ja-nosime-negovata-pepel-na-patuvanja-decata-mu-ostavaat-chasha-voda-krisi-tajgen-otkriva-kako-se-spravuva-so-zagubata-na-deteto-02.jpg

ja-nosime-negovata-pepel-na-patuvanja-decata-mu-ostavaat-chasha-voda-krisi-tajgen-otkriva-kako-se-spravuva-so-zagubata-na-deteto-03.jpg

По загубата на детето Криси била и во депресија, но сега се чувствува подобро и вели дека најмногу се фокусира на малите убави нешта во животот.

„По смртта на Џек речиси и да не излегував – депресијата може да ве уништи. Сега се чувствувам како комплетна личност.

Можеби е смешно, но ми помагаат малите нешта. Сакам да слушам музика и сакам да се возам со моите деца. Сметам дека сум подобра мајка, подобра сопруга и подобра пријателка“.

ja-nosime-negovata-pepel-na-patuvanja-decata-mu-ostavaat-chasha-voda-krisi-tajgen-otkriva-kako-se-spravuva-so-zagubata-na-deteto-08.jpg

Криси соопшти дека го изгубила синот Џек на крајот од септември минатата година, откако неколку денови имала обилно крвавење.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg