Холивудската актерка за првиот сопруг: „На првиот состанок ми подметна дрога и ми ја зема невиноста, се омажив за него од срам“
Џоан раскажува како ѝ било чудно тоа што нејзиниот сопруг постојано се дружи со повозрасни богати мажи, а подоцна дознала зошто е тоа така.
„Макс ми рече: ‘ќе ти плати 10.000 фунти за една вечер, па дури ќе ми дозволи и да гледам’. Гледав во мојот згоден сопруг и почнав да плачам, па му реков ‘никогаш нема да го направам тоа’“ – вели таа.
По ова Џоан одлучила веднаш да го напушти Максвел и да поднесе документи за развод.
Актерката имала прилика да замине во Холивуд каде се забавувала со Мерилин Монро, а вели дека најпознатата холивудска русокоса дури и ја предупредила да внимава на „волците“ во индустријата, како продуцентот Дарил Занук, за кого таа тврди дека ја притиснал до ѕид и ја нападнал сексуално.
Џоан била петпати во брак. По разводот со Максвел, во 1963-та година стапила во брак со британскиот текстописец Ентони Њули со кого добила две деца, ќерката Тара и синот Александар, а по разводот со него, во 1971-та година стапила во брак со бизнисменот Рон Кас.
Со Рон, Џоан ја добила ќерката Катјана, но во 1983-та година парот одлучил да се разведе.
Во 1985-та година таа имала брза свадба во Лас Вегас со 14-години помладиот менаџер Петер Холм, но се развеле во 1987-ма година, откако актерката тврдела дека тој постојано ѝ барал пари.
Во 2002-ра година Џоан одлучи да застане прд олтар по петти пат и се омажи за 31 година помладиот Перси Гибсoн.
Б. С. Б. | Црнобело