На Бен Афлек му се смачи од медениот месец - Фотки на кои актерот е во лошо расположение додека шета низ Париз
- Детали
- понеделник, 01 август 2022
Ниту повремената насмевка на Џенифер Лопез не можеше да го скрие (не)расположението на Бен Афлек. Дали на актерот му се смачи од постојаното фотографирање и шетање низ Париз за време на медениот месец?
По венчавката во Лас Вегас, Бен Афлек (49) и Џеј Ло (53) заминаа на меден месец во Париз, заедно со децата, а таму папараците и репортерите го следеа секој нивен чекор.
https://twitter.com/BenniferUpdates/status/1552044621445926913
Од медениот месец славниот пар направи вистински спектакл. Прошетки низ улиците на градот на љубовта во совршени модни изданија и голем број фотографии во медиумите.
Минатата недела беше уловен како спие на столче за време на пловењето по реката Сена со широко отворена уста, а за време низ европските градови, тие се постојано фотографирани од папараци и фанови.
На Твитер се достапни повеќе видеа на кои се гледа како Бен постојано е опкружен со обожавателите кои бараат да се фотографираат со него.
https://twitter.com/BestAffleck/status/1552042747044954112
Дополнително, на поголемиот број фотографии се гледа дека актерот и режисер е намуртен и не е добро расположен, а неговото (не)расположение не може да го прикрие ниту повремената насмевка на неговата сопруга.