Топ 6 омилени, летни пози за Инстаграм на славните дами (плус нивното значење)
- Детали
- недела, 21 август 2022
Шерон Стоун: Ова е предизвикувачка поза со која сака да покаже дека е бестрашна и дека има огнена самодоверба, која доаѓа со годините и искуството. Покажува дека е среќна и задоволна од животот и дека знае како да ужива во него.
Во екот на летните одмори славните дами уживаат на егзотични дестинации и постојано прикачуваат фотографии оттаму.
Кои им се омилените пози за на Инстаграм и што значат?
Ким Кардашијан
Поза во која сака да изгледа нескротливо и како божица, додека ја игнорира камерата, како да се труди да ги убеди сите дека седи сосема нормално како никој да не ја гледа.
Целта на позата е да го истакне нејзиниот тенок струк кој го смета за најсилен атрибут. Сака да покаже сексапил и супериорност, но на лежерен начин.
Емили Ратајковски
Ова е омилената поза на Емили. Едното колено ѝ е на страна, па ги прикажува нозете под уникатен агол, а целта е да покаже дека е жена со став.
Сака да покаже дека работите во животот ги прави на свој начин, но и дека е свесна за својата убавина.
Мајлин Клас
Со поставување на дланките на главата Мајлин сака да прикаже дека таа е „цел пакет“ – и секси и паметна. Исто така, дека е бестрашна. Потсетете се само кога шефовите седат во канцеларија со дланките зад глава.
Покажува и дека е самоуверена. Рацете ѝ се поставени широко, а не блиску до торзото како што прават некои жени кога сакаат да се сокријат.
Лиз Харли
Со оваа поза сака да покаже дека е директна и отворена личност, но раката потпрена на страна покажува дека таа можеби не е толку самоуверена како што изгледа, затоа што ја користи како трик за истегнување и визуелно послаба половина.
Но, од друга страна со раката покажува дека има разиграна страна и младешка енергија во себе, поради која секогаш е подготвена за забава.
Шерон Стоун
Ова е предизвикувачка поза со која сака да покаже дека е бестрашна и дека има огнена самодоверба, која доаѓа со годините и искуството.
Покажува дека е среќна и задоволна од животот и дека знае како да ужива во него.
Никол Шерцингер
Ова е поза за славење на животот во која како да порачува „Видете ме, мојот живот е совршен и сакам светот да знае дека ги живеам моите најдобри денови“.
Таа покажува дека ја цени сета убавина на светот, и небото и планините и морето.
Поза наменета да предизвика завист, но и да инспирира сите да уживаат во животот на овој начин.
С. С. | Црнобело