Дејвид Бекам со хит видео од Викторија во Хрватска + воодушевен од убавината на оваа земја (фото)
- Детали
- среда, 20 јули 2022
Од магичните заливчиња до домашно направениот компот и ракија, Дејвид Бекам восхитен од Хрватска постојано споделува фотографии од одморот таму. Но, симпатичното видео на кое тој се расонува на нивната јахта, а Викторија веќе вежба, ги освои фановите.
Дејвид Бекам (47) периодов ужива во крстарење со својата јахта, а меѓу дестинациите што го воодушевија е Италија, но особено драга на срцето му е Хрватска.
Со неговиот син Круз (17), ќерката Харпер (11) и низа пријатели парот ужива во незаборавно лето.
Викторија објави видео на кое Бекам е во шорцеви и се пошегува со следбеничките дека ќе треба да ѝ заблагодарат за тоа, а потоа Дејвид објави видео на кое се снима себеси на јахтата, а во позадина се гледа Викторија како тренира.
„Не можам ниту да пијам кафе, без Викторија некаде околу мене да не прави чучнувања“, се пошегува тој.
Дејвид е воодушевен од Хрватска, а доказ за тоа се сите фотографии оттаму кои ги прикачи на Инстаграм Стори, а на кои го става хрватското знаме и низа срциња.
Од ресторани со морска храна до домашно приготвени компоти и магични плажи во заливчиња, тој едноставно не може да се насити на сите убавини што ги нуди оваа земја.
Фотографии и видеа од Дејвид и Викторија направени во Хрватска и за време на крстарењето:
Папарацо фотки од парот додека со нивната јахта го посетија Позитано, Италија:
С. С. | Црнобело