Том Круз сакал на Сури да ѝ купи нов автомобил за 16-тиот роденден и да ја види, но Кејти Холмс не дозволила - зошто?
-->
Сури се роди во 2006-та година, а кога имаше 7 месеци Том и Кејти Холмс се венчаа во Италија. Но, по 7 години бракот се распадна и Кејти Холмс поднесе документи за развод.
Се очекуваше разводот да трае со години, но за само 11 дена беше одлучено Кејти да го добие старателството над Сури и да добива годишна алиментација во износ од 400.000 долари, а Том треба да ги покрива сите трошоци за образование и лекување на ќерката.
Се знае дека Том последен пат имаше средба со Сури во 2013-та година, а дека во последните 10 години редовно ја плаќа месечната алиментација.
-->
Во изминатите месеци, во пресрет на нејзиниот 16-ти роденден веќе се шпекулираше низ медиумите дека актерот сака да ѝ купи автомобил Tesla Model X од 90.000 долари, но дека мајка ѝ не дозволува.
Дополнително, се очекуваше дека Сури најверојатно ќе се види со нејзиниот татко, но се појавија гласини дека Кејти не дозволува тоа да се случи затоа што стравува дека Том ќе ја вовлече во скиентологијата.
Во една прилика кога говореше за разводот со Кејти, Том самиот призна дека главна причина заради која Кејти побарала развод од него е заради тоа што сакала да ја заштити ќерката од скиентологијата, а според религијата на актерот, тој не смее да се гледа со лицата што ја отфрлиле, па така Кејти и Сури се најдоа на „црната листа“.
Доколку гласините дека Том навистина сака да го поправи односот се точни, тогаш многу веројатно е дека тој ќе треба набрзо да се пресели, затоа што не е јасно како би можеле да ги поминуваат деновите заедно кога таа живее во Њујорк, а тој од 2021-ва година се пресели во Лондон.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до...
Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко?
Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г...
Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...