Клои Кардашијан очекува дете со Тристан Томпсон од сурогат мајка, откако кошаркарот доби син од афера со друга жена
- Детали
- четврток, 14 јули 2022
Клои Кардашијан и Тристан Томпсон очекуваат дете од сурогат мајка кое било зачнато кратко пред ријалити ѕвездата да дознае дека кошаркарот има дете од афера со друга жена. Во меѓувреме, твитерџиите не престануваат да се шегуваат на сметка на Клои за целата ситуација.
Клои Кардашијан го очекува второто дете со Тристан Томпсон – поранешниот партнер кој постојано ја изневеруваше.
Daily Mail пренесува дека веста ја потврдил портпаролот на 38-годишната ријалити ѕвезда, откривајќи дека детето ќе го роди сурогат мајка.
Наводно, бебето било зачнато во ноември, кратко пред Клои да дознае дека Тристан очекува дете со друга жена.
„Потврдуваме дека Тру ќе има сестра или брат зачнат во ноември. Клои е многу благодарна за прекрасната сурогат мајка за овој убав благослов. Би сакале добрина и приватност за Клои да може да се фокусира на нејзиното семејство“, гласи изјавата на портпаролот.
Клои и 31-годишноит кошаркар ја почна врската исполнета со многу неверства и раскинувања во 2016 година и заедно ја имаат 4-годишната ќерка Тру.
Периодов се јавија шпекулации дека и покрај бројните неверства, Клои му дала уште една шанса на Тристан, но извори блиски до семејството тврдат дека ова не е точно.
Изворите истакнуваат дека Клои и Тристан не ни контактираат, освен кога станува збор за нивната ќерка.
Според некои извори, новото дете треба да се роди во секое време, додека некои тврдат дека е веќе родено.
За потсетување, пред околу седум месеци, Тристан се најде среде скандал откако се дозна дека жената со којашто имал афера додека беше со Клои, родила негово дете.
Најпрво Тристан ги негираше гласините, но само еден месец подоцна призна дека тој е таткото, па дури и јавно ѝ се извини на Клои:
„Не го заслужуваш ова. Не ги заслужуваш болката и понижувањето што ти ги предизвикав. Не заслужи да бидеш третирана така сите овие години“, напиша тој на Инстаграм.
Наводно, кошаркарот уште го нема запознаено детето од аферата.
Тристан има и 5-годишен син од поранешна која беше бремена кога тој првпат ја почна врската со Клои.
Неверствата на Тристан не се ништо ново – во 2018 година, тој ја изневери Клои додека таа беше бремена со нивното прво дете. Сепак, ријалити ѕвездата одлучи да му прости.
Следната година тој уште еднаш ја изневери Клои, но таа повторно му прости.
Во 2021 година парот се раздели, а речиси веднаш по раскинувањето се појавија гласини дека Тристан бил забележан како оди во спална соба со три жени.
По последниот скандал со детето од аферата, Тристан и Клои се забележани заедно во јавноста неколкупати, но семејството на ријалити ѕвездата и извори блиски до нив истакнуваат дека тие се гледаат и се во контакт само за нивната ќерка.
Неодамна и самата Клои изјави дека иако Тристан е добар татко, сепак не е вистинскиот маж за неа.
Во меѓувреме, Твитер е преплавен со шеги на сметка на Клои бидејќи одново и одново му дава шанси на маж кој постојано ја изневерува, па дури и посакала да има уште едно дете со него:
„Велат да не ја исмејувам Клои бидејќи можело и јас да се најдам во иста ситуација. Не, јас никогаш нема да бидам таков идиот“.
„Дали навистина е сурогат мајка или уште една афера на Тристан што ја прикриваат?“
„Клои не очекува дете од сурогат мајка. Тристан ја изневерил по 67-ми пати и забременил некоја девојка“.
„Тристан ми е многу сомнителен. Тој знаел дека жената од аферата е бремена, но сепак се согласил за дете од сурогат мајка со Клои“.
„Сигурна сум дека Крис Џенер ги има споделено вестите во јавност. Сега Кардашијанс сигурно ќе имаат уште две сезони!“
„Мислам дека е јасно дека Тристан е злобен. Се согласил за сурогат бременост додека знаел дека ќе има дете од афера! Клои, овој маж те мрази“.
„Клои Кардашијан е најдобар пример дека сите пари на светот, гламурот и славата не можат да ги купат најосновните работи, како самопочит“.
„Клои е изгубен случај. Не можеме да ја спасиме. Не сум видел понаивна личност“.
„Семејството на Клои има 74 членови и досега никој не ѝ рекол да го остави овој човек?“
Спирова С. | Црнобело