Бразилска пејачка открива: „По секс трпев неподносливи болки, 9 години ме лекуваа од инфекции, а сум имала ендометриоза“

„Цели 9 години ме лекуваа од инфекции на уринарниот тракт, затоа што по секој сексуален однос имав неподносливи болки, а не знаев дека имам ендометриоза“ – откри пејачката Анита која сега ги поттикнува жените да бараат повеќе лекарски мислења ако имаат ваков проблем.

brazilska-pejachka-otkriva-po-sekoj-seks-trpev-nepodnoslivi-bolki-9-godini-me-lekuvaa-od-infekcii-a-sum-imala-endometrioza-01.jpg

Бразилската пејачка Анита (29) деновиве на социјалните мрежи откри дека боледува од ендометриоза и појасни дека со години наназад лекарите ѝ давале погрешна дијагноза.

„Ајде да говориме за ендометриозата. Дали некој друг, освен мене, страда од повторлив циститис на уринарниот тракт и се обидел со секакви лекови, техники, како ласер и слично, само за да не умира од болка 24 часа по секс?

Бев во болница за да го посетам татко ми и на лекарот му кажав дека умирам од болка“ – раскажува таа.

brazilska-pejachka-otkriva-po-sekoj-seks-trpev-nepodnoslivi-bolki-9-godini-me-lekuvaa-od-infekcii-a-sum-imala-endometrioza-04.jpg

По ова ѝ биле направени  тестирања и било утврдено дека кај нема присуство на бактерии и оттука дека дијагнозата за циститис на уринарниот тракт е неточна.

„Докторот (што ми го прати мојот ангел чувар) ми направи преглед со магнентна резонанца и конечно утврдија дека имам ендометриоза.

Следниот ден ме испрати кај специјалист за да ги направам сите дополнителни испитувања“ – појаснува таа.

brazilska-pejachka-otkriva-po-sekoj-seks-trpev-nepodnoslivi-bolki-9-godini-me-lekuvaa-od-infekcii-a-sum-imala-endometrioza-03.jpg

Инаку, пејачката ниту во минатото не криела дека има проблеми со здравјето, па откако открила дека страда од циститис, голем број фанови се собрале и пишувале текстови на тема: „Како да ги избегнете инфекциите на уринарниот тракт од кои страда Анита?“

„Велеа дека хигиената е важна. Дека задолжително треба да користам кондом, веднаш да уринирам после секс, да пијам многу вода и сè друго што во моето деветгодишно страдање бев изморена да го слушам. Верувајте ми.

Болката е толку неподнослива, што ќе посакате да направите сè за да помине. Кога ги читав сите приказни за мене се чувствував како тие луѓе да ме испитуваат без да знам... Велеа дека не водам грижа за хигиената, дека не внимавам при сексот...“ – вели таа.

brazilska-pejachka-otkriva-po-sekoj-seks-trpev-nepodnoslivi-bolki-9-godini-me-lekuvaa-od-infekcii-a-sum-imala-endometrioza-02.jpg

По ова таа нагласува дека ендомтриозата е мошне застапена кај жените и дека симптомите се различни за секое тело. Може да се прошират на мочниот меур и да предизвикаат неверојатна болка при уринирање и дека постојат повеќе различни третмани, а таа одлучила да оди на операција.

Таа ги посоветува жените од целиот свет да побараат повеќе лекарски мислења и да не прифаќаат една дијагноза.

„Не е нормално да живееме со таква болка засекогаш“ – вели таа.

Инаку, Анита на Инстаграм има 62, 9 милиони следбеници, а редовно објавува свои фотографии.

Погледнете дел од нив:

https://www.instagram.com/p/CflyLPyuYbm/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/Ceyqf3Outus/?utm_source=ig_web_copy_link\

https://www.instagram.com/p/CdtWtPPu-sC/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg