Бруклин Бекам ја носи сопругата на грб, ѝ ја држи чантата и купува цвеќиња за неа, а таа секогаш е намуртена – го нарекуваат џентлмен и папучар (фото)
- Детали
- недела, 10 јули 2022
Очигледно Бруклин Бекам има намера да го следи советот што татко му му го даде на свадбата и да ја чува својата сопруга како да е направена од злато. Сепак, чудно е зошто таа ретко е насмеана на фотографиите и покрај тоа што нејзиниот сопруг е вистински џентлмен во јавност. Многумина пак му ја дадоа титулата „папучар“.
Неколку месеци по свадбата, синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин и неговата сопруга Некола Пелц Бекам се на меден месец во Портофино, Италија, каде папараците редовно ги следат во чекор.
Бруклин (23) и неговата 27-годишна сопруга Никола во моментов уживаат на луксузната јахта, а редовно се појавуваат нивни фотографии од прошетките, а фановите забележуваат дека многу ретко познатата актерка можеме да ја видиме насмеана.
Во мај месец годинава се појавија шпекулации дека наводно актерката имала конфликт со девојката на помалиот брат на Бруклин, Миа Реган, но засега овие информации не се потврдени.
Набрзо по овие шпекулации парот беше забележан на пазар во Западен Холувуд каде Бруклин ѝ купуваше цвеќе на својата сопруга за да ја расположи.
Дополнително, во последните неколку месеци, речиси на сите фотографии може да се забележи дека најголемиот син на Дејвид и Викторија е вистински џентлмен, кој ѝ отвора врата на својата сакана, ја носи нејзината чанта за на плажа, ја носи на грб.
Сепак, освен ако не позира, на папараци фотките, Никола ретко можеме да ја видиме насмеана.