Го засени и Дејвид Бекам на Вимблдон – Која е убавата Морган Ридл и како го украде шоуто на трибините на тенискиот турнир? (фото)
- Детали
- четврток, 07 јули 2022
„За време на целиот пренос Дејвид Бекам го покажаа само 4 пати, а Морган Ридл 87 пати“ – велат луѓето што го следеле телевизискиот пренос од мечот помеѓу Тејлор Фриц и Рафаел Надал на Вимблдон.
Девојката на американскиот тенисер Тејлор Фриц, моделот Морган Ридл успеа да го украде шоуто на Вимблдон.
Морган на трибините го поддржуваше својот сакан кој играше против Рафаел Надал, а за време на преносот на мечот таа успеа во целост да го украде вниманието.
Според многумина, вниманието на камерите било во толку голема мера свртено кон неа, што дури ниту Дејвид Бекам, кој на трибините беше со неговата мајка Сандра (73) не доби толку големо внимание.
„Го покажаа Дејвид Бекам само 4 пати, а Морган Ридл 87 пати, навистина е лудо“ – стои во една објава на Твитер.
They showed David Beckham 4 times and riddle morgan 87 times this shit is insane
— Asim🐙 (@shezoplay) July 6, 2022
Други пак, велат дека иако се свесни дека Рафа Надал е легенда, сепак навивале за Тејлор Фриц во надеж дека ќе имаат можност повеќепати да ја гледаат Морган на трибините.
Наводно, по појавувањето на Вимблдон, бројот на следбеници на Морган Ридл преку ноќ нагло пораснал, па така таа на Инстаграм во една вечер добила 30.000 нови следбеници, што се добри вести за неа, ако се земе предвид дека работи во главно како инфлуенсерка и заработува од објави.
Со Тејлор се во врска од 2020-тата година, а на трибините таа редовно го следи своето момче и навива за него.
Погледнете повеќе фотографии од неа во продолжение:
https://www.instagram.com/p/Cfe7Cl2sNll/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CBEFlOlH5h6/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело