Ким Кардашијан во бизарно издание на Модната недела во Париз – се „крие“ под црн шлем, ќерка ѝ Норт (9) со пирс на носот (фото)
- Детали
- четврток, 07 јули 2022
На Модната недела во Париз, Ким Кардашијан се појави со долг црн фустан и црн шлем, а на една ревија присуствуваше и нејзината 9-годишна ќерка која се појави со пирс на носот.
За нејзините фанови, Ким Кардашијан е модна икона, но голем дел од јавноста смета дека не ја заслужува оваа титула, најмногу поради бизарните изданија кои со текот на времето ѝ станаа заштитен знак.
По чудниот аутфит со жолти налепници, како и бизарната комбинација што ја одбра за минатогодишната Мет гала, Ким Кардашијан се појави во уште едно необично издание.
По ревијата на Balenciaga за време на Модната недела во Париз, 41-годишната ријалити ѕвезда присуствуваше на забава. За пригодата, Ким одбрала долг црн фустан со висока јака и светки.
Комбинацијата ја дополнила со чудна маска, која наликува на шлем што ѝ го покрива целото лице, и минијатурна чанта која не е поголема од нејзината дланка.
Ким беше и дел од ревијата на Balenciaga, заедно со уште неколку познати личности, вклучувајќи ги Никол Кидман и Дуа Липа.
Од настанот, ријалити ѕвездата сподели и неколку фотки на Инстаграм. На дел од фотографиите може да се види Ким со фустанот што го носеше за ревијата, а на останатите позира со бизарната комбинација.
Можеби најчудна е фотографијата на која Ким ја носи црната маска, а во раката држи виљушка.
Ким присуствуваше и на модната ревија на Jean Paul Gaultier, овојпат во друштво на ќерка ѝ Норт.
За вториот настан тие беа во складни комбинации – Ким носеше црн фустан инспириран од аутфит на Мадона, во комбинација со голем сребрен чокер и слична нараквица.
9-годишната Норт носеше елек и здолниште со ист дезен како фустанот на Ким, заедно со бела кошула.
Највпечатливиот детаљ во нивните комбинации дефинитивно е обетката на носот која е поврзана со синџирче со обетките.
Спирова С. | Црнобело