Сопругот на Кортни Кардашијан за првпат во јавност по воспалението на панкреасот: „По медицинска процедура за малку ќе го загубев животот“
- Детали
- среда, 06 јули 2022
„Ми беше отстранет мал полип на чувствително место, по што се јави воспаление на панкреасот и можев и да го загубам животот“ - со овие зборови Тревис Баркер ја опиша сопствената здравствена состојба, откако минатата недела итно беше пренесен во болница.
Минатата недела сопругот на Кортни Кардашијан (43), Тревис Баркер (46) итно беше пренесен во болница, а медиумите пренесоа дека тапанарот има воспаление на панкреасот, познато како панкреатитис.
По излегувањето од болница тој и неговата сопруга отидоа на плажа, по што тој веднаш се врати во студио да работи на нова музика.
Додека сѐ уште беше во болница тапанарот се огласи на Инстаграм Стори и објасни што всушност се случило и каква е неговата здравствена состојба:
„Во понеделникот имав ендоскопија и се чувствував одлично. Но, по вечерата, почувствував силна болка и веднаш бев хоспитализиран.
За време на ендоскопијата ми отстранија мал полип на чувствително место, што вообичаено го прават специјалисти, заради што кај мене се јави оштетување на еден канал кај панкреасот.
Ова резултираше со воспаление на панкреасот, заради што можев да го загубам и животот.
Многу сум благодарен за интензивната нега и во моментов се чувствувам многу подобро“ – рече тој.
Панкреатитис е состојба кога панкреасот е воспален и отечен. Панкреасот е жлезда, долга 15-25cm, сместена под желудникот, покрај првиот дел на тенкото црево, дуоденумот. Од панкреасот во крвта се лачат хормоните инсулин и глукагон кои го регулираат нивото на шеќер во крвта.
Инаку, Тревис беше пуштен на домашно лекување за време на празничниот викенд во САД, по повод 4-ти Јули (Денот на Независноста), а тапанарот беше забележан како со семејството оди на плажа.
Eден ден подоцна се врати во студиото да работи на нова музика. Според фотографиите објавени во TMZ сопругот на Кортни веќе се чувствува подобро.
Инаку, ова не е првпат Тревис да биде мошне блиску до смртта. Тој во 2008-мата година преживеа авионска несреќа по која му беа направени 27 операции.
Прочитајте и Со Кортни Кардашијан направи „порно“ фотка, имал 27 операции: Факти за Тревис Баркер, новиот дечко на Кортни
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело