Тревис Баркер однесен во болница со брза помош од непознати причини, по мистериозната објава: „Боже спаси ме“
- Детали
- среда, 29 јуни 2022
Тревис Баркер беше однесен во болница од непознати причини, а само неколку часа претходно сподели твит со кој ги загрижи фановите. Ќерка му, пак, сподели фотографија од болницата, но ја избриша набрзо потоа.
Во вторникот, 28 јуни, Тревис Баркер беше однесен во болница со возило за брза помош, но уште не е познато поради каков здравствен проблем.
46-годишниот тапанар беше фотографиран додека го изнесуваа од возилото во болнички кревет.
Според Daily Mail, сопругот на Кортни прво бил однесен во една болница, но бидејќи најверојатно ситуацијата му се влошила, бил преместен во подобро опремена болница во Лос Анџелес.
На фотографиите, покрај Тревис стои Кортни Кардашијан која се обидува да се скрие со широк блузон.
Утрото пред да биде забележан пред болницата, Тревис објави и мистериозен твит кој гласи:
„Боже спаси ме“.
https://twitter.com/travisbarker/status/1541840254767771649
Неколку часа откако во јавност се појавија папарацо фотките од Тревис и Кортни, ќерката на тапанарот, Алабама сподели фотографија на ТикТок на која се гледа како ја држи раката на татко ѝ.
„Ве молам молете се“, пишува во описот, поради што фановите веруваат дека станува збор за нешто навистина сериозно.
Алабама ја избриша објавата само неколку минути подоцна, но нејзините следбеници успеаја да направат „скриншот“.
Исто така, Алабама сподели и Инстаграм Стори со истата порака како објавата на ТикТок, но без фотографија.
Како што спомнавме, не е позната причината за хоспитализацијата на Тревис, но некои веруваат дека можеби станува збор за коронавирус.
Изминативе недела-две Кортни Кардашијан беше позитивна, па постои мислење дека можеби тапанарот се заразил од неа и сега има компликации.
Кога станува збор за мистериозниот твит на Тревис, некои мислат дека не е поврзан со хоспитализацијата, туку е во чест на новата песна на Машин Ган Кели која се вика God Save Me (Боже спаси ме).
Сепак, и оние кои се убедени дека твитот е поради песната, истакнуваат дека целата ситуација е навистина морничава.
Од неколку американски медиуми побарале изјава од Кортни и Тревис, но засега немаат добиено одговор.
Спирова С. | Црнобело