Ким Кардашијан хит кај балканските твитерџии: „Ја ископирала Лепа Брена“ (фото)
- Детали
- вторник, 05 јули 2022
„Кој е ова: Ким Кардашијан или Лепа Брена?“ – прашуваат балканските твитерџии откако ријалити ѕвездата објави нови фотографии инспирирани од периодот на 80-тите години на минатиот век. Сите се согласни дека балканската фолк-дива е позгодна. Што мислите вие?
Во најновата фотосесија за нејзиниот моден бренд SKIMS, Ким Кардашијан се појави во металик костим за капење со волуменозна фризура инспирирана од периодот на 80-тите години на минатиот век.
Целата фотосесија во целост беше инспирирана од истиот период, каде Ким освен што носеше волуменозна фризура и впечатлива шминка, во рацете држеше препознатлив безжичен фиксен телефон карактеристичен за периодот.
Балканските твитерџии не можеа, а да не прокоментираат за новата фотосесија на Ким и за тоа колку таа потсетува на југословенската фолк-дива Лепа Брена во врвот на нејзината слава кога ги снимаше филмовите „Hajde da se volimo“.
Погледнете неколку твитови во продолжение:
„Лепа Брена е многу позгодна – супер колкови, рамен стомак и долги нозе“ – стои во еден од твитовите.
Lepa Brena mnogo bolja riba - super kukovi, ravan stomak i dugačke noge.
— Ime Prezime (@ime_prezime_001) July 2, 2022
https://twitter.com/stic_okolnosti/status/1544001920397819904
Lepa Brena ili Kim Kardashian? pic.twitter.com/ZdaraGYtBT
— Тинкаಇ (@topceglopce) July 2, 2022
Lepa Brena nikad bolje nije izgledala pic.twitter.com/yGemHwr1xl
— tečni kolagen (@gradjaninplemic) July 3, 2022
https://twitter.com/tingeelliinngg/status/1543638780275474434
Б. С. Б. | Црнобело