Вера Ванг изгледа како млада девојка и на 73 години – го прослави роденденот со луксузна караоке забава (фото)
- Детали
- четврток, 30 јуни 2022
Вера Ванг го прослави 73-тиот роденден со караоке забава, а од фотографиите што ги објави е јасно дека времето застанало за неа – дизајнерката уште изгледа како млада девојка.
Познатата модна дизајнерка го прослави 73-тиот роденден, а по сè изгледа дека годините се навистина само број за неа.
Дизајнерката сподели неколку фотки од прославата и изгледа подобро од кога било.
За пригодата Вера носеше кратки панталони и фустан со огромен шлиц на предниот дел со боја на лаванда. Комбинацијата ја дополнила со сребрени штикли и круна, а дури и бојата на косата ѝ беше складна со облеката.
Од фотографиите се гледа дека и кај декорациите за прославата доминираат розовата и бојата на лаванда.
Роденденската торта на дизајнерката има сребрена боја и е украсена со розови цветови.
Таа сподели и видео со кое откри дека гостите се забавувале со караоке.
Покрај венчаниците кои се нејзин заштитен знак, Вера Ванг привлекува многу внимание и со младешкиот изглед.
Иако на 27 јуни наполни 73 години, ако не го знаете овој факт, веројатно би помислиле дека има 40, најмногу 50 години.
Иако постојат гласини дека има направено пластични операции, самата тврди дека младешкиот изглед се должи на гените, но и здравиот начин на живот.
Наводно, таа секојдневно медитира и вежба јога, се храни здраво, а од пијалаци си дозволува само диетална Кока-кола и одвреме-навреме коктел со вотка.
Вера тврди и дека за викендите кога е слободна спие по 10 часа навечер, а смета дека тоа е клучно за добриот изглед.
Иако можеби дизајнерката има направено лифтинг или некоја мала процедура за подмладување, нејзиниот младешки изглед сепак е за восхит.
Повеќе фотки од дизајнерката:
Спирова С. | Црнобело