Јаде иста храна со години – Режимот со кој Клои Кардашијан ослабе повеќе од 20kg откако остана сингл
- Детали
- четврток, 30 јуни 2022
Станува збор за диета со малку јаглехидрати, со многу протеини и неколку оброци дневно. Оброците на Клои вклучуваат зеленчук, црвено месо, свежо овошје, риба, јајца, јаткасти плодови и вода.
Клои Kардашијан во последниов период драстично го промени изгледот и телото, но откри дека нејзината трансформација започнала по разделбата со НБА кошаркарот Ламар Одом и дека тоа било постепен процес.
Станува збор за диета со малку јаглехидрати, со многу протеини и неколку оброци дневно. Оброците на Клои вклучуваат зеленчук, црвено месо, свежо овошје, риба, јајца, јаткасти плодови и вода.
Таа следи кето диета бидејќи отсекогаш ѝ помагала да ја одржи тежината. Се откажала од млечни производи и преферира бадемово млеко, но открива дека сè уште има љубов кон сирењето.
Нејзиниот режим за слабеење со кој изгуби повеќе од 20kg:
Исхрана
Пред тренинг: Една лажица путер од бадем и една лажица џем.
Појадок: Овесна каша со ленено семе во прав, јајца и бобинки.
Ужинка: Ореви и јаболка.
Ручек: Пилешко или риба со многу салата и зеленчук како спанаќ, цвекло, брокула.
Ужинка: Овошје, зеленчук, бадеми или бобинки.
Вечера: Грашок со ориз или зеленчук и риба.
Рутински тренинг за одржување на формата
Клои поминува многу време во теретана и тренира 5-6 пати неделно по 30-45 минути.
Нејзиниот тренинг вклучува комбинација од кардио и HIIT вежби.
Совети за слабеење од Клои:
1. Бидете трпеливи со себе. Потребно е време за да се видат резултатите.
2. Патот кон слабеење е долг, па започнете полека. Првата недела можеби ќе вежбате 20 минути дневно, а потоа ќе имате повеќе сила и можете да го зголемите времето.
3. Не гладувајте и не се лишувајте од работите што сакате да ги јадете, но јадете ги умерено.
4. Хидратацијата е клучна за секое слабеење.
5. Држете се настрана од слатки пијалаци.