Пејачка се прошета топлес на BET Awards 2022 и поттикна лавина од критики
- Детали
- вторник, 28 јуни 2022
Кога сакаш со голотија да издоминираш на настан и ќе го налутиш светот… Бремена пејачка, која се појави на настан речиси гола само со традиционален накит на себе, е мета на твитерџиите.
Пејачката Самер Вокер на доделувањето на BET наградите 2022 се појави во топлес издание, само со метални крукчиња на градите.
26-годишната пејачка, која е бремена, вели дека за аутфитот била инспирирана од традиционалниот накит „Hmong“, кој го носат луѓе кои живеат најмногу во Кина, Виетнам, Лаос, Тајланд и Мјанмар.
https://www.instagram.com/p/CfSq8LvrUIf/
Но, токму поради ова стана мета на критики, затоа што на нешто што е традиционално и бесценето, таа му дава сексуална нота.
Наводно нејзината цел била да го слави животот и убавината на жените.
„Сигурна сум дека Самер немала стилист“, „Самер ја посрамоти мојата култура. Јас сум Hmong и не ми се допаѓа да гледам како без почит го носи мојот традиционален накит како секси аутфит, тоа не е во ред“ - се дел од осудувачките коментари.
https://twitter.com/shhthetvon/status/1541203607269294080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541203607269294080%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.hotnewhiphop.com%2Fsummer-walker-wears-controversial-outfit-to-2022-bet-awards-news.154178.html
https://twitter.com/XiongKarilyn/status/1540988249027526661?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540988249027526661%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.hotnewhiphop.com%2Fsummer-walker-wears-controversial-outfit-to-2022-bet-awards-news.154178.html
Токму деновиве Самер откри дека со своето момче рапер очекуваат дете, а од претходната врска таа има 1-годишна ќерка.
Скандалозниот аутфит:
С. С. | Црнобело