Бен Афлек му дал на 10-годишниот син да вози Lamborghini автомобил – направил сообраќајка и го критикуваат дека е неодговорен родител
- Детали
- понеделник, 27 јуни 2022
Бен Афлек му дозволи на 10-годишниот син да седне зад воланот на Lamborghini автомобил со вклучен мотор, по што момчето го врати во рикверц и удри BMW автомобил кој бил паркиран зад него.
Бен Афлек и Џеј Ло, заедно со 10-годишниот син на актерот – Семјуел – беа во посета на салон за изнајмување луксузни автомобили.
Џеј Ло, актерот и неговиот син ги разгледувале луксузните автомобили за изнајмување и Бен му дозволил на малиот Семјуел да седне зад воланот на жолт Lamborghini автомобил.
Наводно моторот на автомобилот бил вклучен и Семјуел почнал да го враќа наназад, па во тој миг удрил во BMW автомобил кој бил паркиран веднаш зад него.
На видео што се споделува на социјалните мрежи се гледа дека Семјуел седи на возачкото седиште и неговата врата е отворена. Веднаш до вратата стои Бен Афлек, а Џеј Ло седи на задното седиште.
Како што Џеј Ло седнува во автомобилот, Семјуел враќа во рикверц и го удира автомобилот зад него. Веднаш потоа Семјуел излегува од автомобилот за да ја види штетата.
https://twitter.com/HayleyMJLover/status/1541220367338971138
Иако станува збор за навистина мал удар, се гледа дека малото момче е вознемирено, па во еден миг Бен го прегрнува за да го утеши.
На папарацо фотките се гледа и како актерот се расправа со еден од вработените во салонот, додека Џеј Ло гледа во нејзиниот телефон.
Инаку Семјуел е најмалото дете на Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Заедно тие имаат уште две деца – ќерките Вајолет (16) и Серафина (13).
Според TMZ, инцидентот настанал бидејќи автомобилите биле паркирани премногу блиску еден до друг, како и дека штетата е минимална. Но, многумина сепак го осудуваат Бен бидејќи му дозволил на 10-годишниот син да седне зад воланот.
Дел од коментарите на Твитер:
„Зошто возел неговиот 10-годишен син?“
„Секако дека ќе удри во друг автомобил, има 10 години“.
„Бен повторно пиел?“
„Не го обвинувајте 10-годишното дете, обвинете го 50-годишниот возрасен човек“.
Спирова С. | Црнобело