Скромна прослава на Мајорка, Џорџина без грам шминка – најстариот син на Кристијано Роналдо наполни 12 години (фото)
- Детали
- понеделник, 20 јуни 2022
Најстариот син на Кристијано Роналдо наполни 12 години, а фудбалерот и семејството го одбележаа посебниот ден со скромна прослава на Мајорка.
Најстариот син на Кристијано Роналдо го прослави 12-тиот роденден, а Џорџина сподели неколку фотки од семејната прослава во Мајорка.
На фотографиите, 12-годишниот Кристијано Роналдо Џуниор позира пред торта декорирана со фудбалски топки, како и црвен дрес со бројот на неговиот татко – 7.
На една од фотографиите младото момче позира со целото семејство, вклучувајќи го и најновиот член кој се роди во април годинава.
За време на прославата, целото семејство е во лежерно издание, а можеби најмногу внимание привлекува Џорџина која нема ни грам шминка на себе.
28-годишниот модел носи едноставен фустан, а косата ѝ е собрана во неуредна пунџа.
Најстариот син на познатиот фудбалер е роден во САД, но речиси веднаш по раѓањето се пресели во Мадрид со татко му. За јавноста не е познат идентитетот на неговата мајка.
Спирова С. | Црнобело