Кристијано Роналдо има милиони, но сам го потстрижува синот – Џорџина сподели досега невидени фотки
- Детали
- сабота, 18 јуни 2022
Кристијано Роналдо можеби има милиони и во моментов ужива во одморот со семејството на Мајорка, но знае да биде грижлив татко и сам да го потстриже синот кога треба. Неговата партнерка Џорџина Родригез сподели досега невидени фотографии од семејството.
Со досега невидени фотки од семејството партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез го одбележа 12-иот роденден на неговиот најстар син Кристијано Роналдо Џуниор.
Покрај веќе видените фотографии од посетата на Дедо Мраз на Северниот Пол за време на божиќните празници, Џорџина сподели и слики на кои се гледа како семејството ужива во секојдневните активности со своите браќа и сестри.
Иако имаат милиони и Роналдо и Џорџина имаат базен на дување за нивните деца, одат во зоолошка, но и се санкаат на снегот. Особено внимание привлече фотографијата на која се гледа дека Роналдо сам го потстрижува синот.
„За среќен ден и живот исполнет со незаборавни мигови, мама, тато и твоите браќа и сестри ќе продолжат да одат, да скијаат, да летаат, да пливаат, да пловат, да сонуваат и да создаваат заедно со тебе рака за рака. Многу сме горди на тоа каква личност стануваш. Те сакаме бескрајно “ – напиша Џорџина.
На својот Инстаграм профил и Роналдо сподели една фотографија на која е со својот најстар син, а до која напиша:
„Среќен роденден сине! Каде летна времето...?! Ќе си играме ли уште заедно?! Најважно е да останеш момчето со големо срце. Среќно, сине. Тато те сака премногу.“
Погледнете ги фотографиите што ги објави Џорџина во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело