„Си извадив коски од вилицата“: Џесика Алвес на плажа, откако од Кен стана Барби со 78 пластични операции

Импланти во градите и задникот, вадење коски од вилицата и затегнување на гласните жици се само дел од бројните операции за кои моделот Џесика Алвес има потрошено речиси 1 милион долари.

si-izvadiv-koski-od-vilicata-i-gi-zategnav-glasnite-zhici-od-ken-stana-barbi-i-napravi-78-plastichni-operacii-01.jpg

Џесика Алвес е еден од најпознатите трансродови модели во светот и отворено зборува за пластичните операции, како и за операцијата за промена на полот.

si-izvadiv-koski-od-vilicata-i-gi-zategnav-glasnite-zhici-od-ken-stana-barbi-i-napravi-78-plastichni-operacii-03.jpg

si-izvadiv-koski-od-vilicata-i-gi-zategnav-glasnite-zhici-od-ken-stana-barbi-i-napravi-78-plastichni-operacii-04.jpg

Џесика беше опседната со пластичните операции уште пред да го промени полот. Претходно таа беше позната како Родриго и неретко ја нарекуваа „жив Кен“ и „најпластичниот маж во светот“.

si-izvadiv-koski-od-vilicata-i-gi-zategnav-glasnite-zhici-od-ken-stana-barbi-i-napravi-78-plastichni-operacii-6.jpg

Неодамна таа позираше за магазинот Playboy, а на фотките во преден план се нејзините импланти на задникот.

si-izvadiv-koski-od-vilicata-i-gi-zategnav-glasnite-zhici-od-ken-stana-barbi-i-napravi-78-plastichni-operacii-02.jpg

Џесика вели дека кога ја почнала транзицијата, не ни сонувала дека некогаш ќе позира за популарниот магазин како жена.

„Не ми се верува кога ќе се погледнам во огледалото и ќе ја видам жената што станав. Кога ја почнав транзицијата, не ни помислував дека ќе стигнам дотука, дека ќе изгледам добро како сега и дека ќе се чувствувам толку среќна“.

Џесика има потрошено вртоглави суми за бројните пластични операции, а откри дека пред помалку од еден месец направила уште една операција во Бангкок за која платила над 100.000 долари.

Таа направила лифтинг на лицето и извадила коски од вилицата за дa има поженствен изглед. Исто така, Џесика направила и операција за промена на гласот со цел да ѝ звучи „поженски“. Според неа, со операцијата ѝ ги затегнале гласните жици, така што нејзиниот глас ќе биде повисок

„Сега кога ќе се јавам на телефон нема да ми викаат господине!“

На Џесика ѝ биле потребни три недели за да закрепне од операцијата на гласните жици и открива дека треба да помине време пред нејзиниот глас да се стабилизира.

„Гласот ќе ми се подобрува. Ова не е финалниот резултат, но сега дефинитивно имам женски глас“.

Џесика неретко е нарекувана зависничка од пластични операции, но таа го негира ова и вели дека само ѝ се досадува да има исто лице повеќе од 2-3 години.

Сепак, кога ќе се земе предвид фактот дека досега има направено 78 пластични операции за кои потрошила речиси 1 милион долари, Џесика сигурно е зависна од овие зафати, а самата вели дека ќе прави уште операции.

„Моето лице допрва ќе се менува“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Џесика Симпсон пред развод, откако го надмина алкохолизмот: „Хистерична е и опседната со пластични о... „Сопругот на Џесика, Ерик, постојано кажува колку е тешко да се живее со личност...
Најскапите модни изданија на познатите дами на црвениот тепих Знаете ли дека впечатливиот жолт фустан што Ријана го носеше на Мет галата во 20...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Џеј Зи е најбогат - Кои 10 музичари се со најголема заработка во кариерата? Џон Кори Картер, најпознат како Џеј Зи, е најбогатиот музичар во светот, надмину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg