Му ја смени бравата од семејниот дом, тој не добива од нејзиното богатство – Нови детали за разделбата на Шакира и Пике (фото)
Кој ќе биде финансиски губитник по разделбата?
Инаку, по разделбата Шакира и Пике освен што ќе треба да се договорат околу старателството врз нивните два сина Милан (9) и Саша (7), ќе треба да се договорот и околу распределбата на богатството.
Шпанските медиуми веќе направиле детална анализа за тоа колкав имот и што сѐ ќе треба да поделат поранешните партнери. Според нив, во последните 11 години Шакира и Пике заедно заработиле околу 700 милиони евра.
Шакира благодарение на успешната музичка кариера, учеството во реалното шоу The Voice, како и голем број други проекти, според Forbes успеала да заработи богатство од околу 300 милиони долари.
Пике, од друга страна, иако е еден од најпознатите фудбалери во светот, со милионски договор во Барселона, има сопствено богатство од само 40 милиони долари.
Со оглед на тоа што парот не е во брак, најверојатно секој од нив ќе се замине со парите што ги заработил во изминатите 11 години, но ќе треба да се договорат околу распределбата на заедничкиот имот.
Тие заедно го поседуваат семејниот дом во Барселона, што го купија во 2012-та година за 4,5 милиони евра, а поседуваат уште една куќа вредна 14,5 милиони евра.
Б. С. Б. | Црнобело