Му ја смени бравата од семејниот дом, тој не добива од нејзиното богатство – Нови детали за разделбата на Шакира и Пике (фото)
- Детали
- вторник, 07 јуни 2022
Бројните гласини за неверства ја прелеале чашата и пред да објави дека се разделува од Пике, Шакира ја променила бравата на нејзиниот дом. Пејачката објасни зошто итно морала да оди во болница, а направено е и истражување за тоа кој ќе биде финансиски губитник по разделбата. Кој е побогат, што мислите?
По големиот број шпекулации и гласини за неверства, популарната пејачка Шакира (45) и нејзиниот долгогодишен партнер, фудбалерот Жерар Пике (35) објавија дека се разделуваат по 11 години заеднички живот.
Гласините ја прелеаја чашата
Во изминатите години Пике редовно беше застапен во таблоидите заради бројните излегувања во клубови со помладите колеги од фудбалскиот клуб Барселона, а гласините за неверства го полнеа жолтиот печат.
Тврдеа дека не веруваат во брак, а се чинеше дека нивната врска успева да им одолее на предизвиците, но очигледно тоа не било така.
Непосредно пред разделбата, парот со денови беше следен од папараци кои сакаа да одгатнат што се случува во нивниот приватен живот.
Откако во дел од шпанските медиуми беше објавено дека по бројните гласини за неверство, Пике е забележан како не може да ја отклучи вратата од сопствениот дом, следеше официјалното соопштение за разделба.
Неколку дена по официјалната најава, во медиумите беа објавени фотографии на кои се гледа дека пејачката била итно пренесена во болница по објавата за разделбата, а таа самата одлучи да им стави крај на шпекулациите и да објасни што навистина се случило.
На својот Твитер профил објави фотографија на која е заедно со нејзиниот татко Вилијам Мебарак и на која се гледа дека тој е повреден. До фотографијата Шакира напиша:
„Многу луѓе ми се јавуваат да ме прашаат зошто сум била пренесена во болница неодамна. Само сакав да ви објаснам дека тие фотографии се направени минатиот викенд (28.05) кога татко ми за жал падна мошне лошо и го придружував во амбулантното возило до болницата каде тој сѐ уште се наоѓа“.