Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Го оставила на 9 години, ја обвинува за зависностите: Проблематичниот однос на Машин Ган Кели со мајка му

„Татко ми почина и чувствував силна болка, со мајка ми сега контактирам благодарение на моите фанови, не сфаќав како можела да ме напушти на 9 години и да замине со друг маж“ – Со овие зборови Машин Ган Кели го опишуваше односот со неговите родители.

po-smrtta-na-tako-mu-mashin-gan-keli-sepak-i-prosti-na-majka-mu-koja-go-napushtila-na-9-godini-foto-01.jpg

Познатиот музичар Машин Ган Кели на социјалните мрежи со своите фанови сподели неколку приватни детали од сопственииот живот. Познат факт е дека тој пораснал со татко му, чија смрт во 2020-та година мошне го погоди, а со мајка му немаше никаков контакт во последните 20-тина години.

po-smrtta-na-tako-mu-mashin-gan-keli-sepak-i-prosti-na-majka-mu-koja-go-napushtila-na-9-godini-foto-02.jpg

Родителите на Машин Ган Кели (32) биле христијански мисионери што често патувале, а кога тој имал само 9 години мајка му без никаква претходна најава одлучила да си замине и да почне да живее со друг маж. Тој во една од своите песни ја обвини мајка му за одлуката да го напушти.

„Ова е за мајка ми што никогаш не ја запознав, станав зависник за да ги избришам сите спомени на тебе. Како можеше да го оставиш синот на 9 години и да си заминеш со друг“ – со овие стихови започнува рап песната Burning Memories од 2019-та година.

Машин Ган Кели во повеќе наврати кажал дека не разговара со мајка му и дека нејзиното заминување во голема мошне силно го погодило татко му. Од друга страна, пак, тој откри дека татко му бил постојано тука за него, а дури и му помогнал да ја напише сопствената прва песна.

po-smrtta-na-tako-mu-mashin-gan-keli-sepak-i-prosti-na-majka-mu-koja-go-napushtila-na-9-godini-foto-03.jpg

Во изјава за Billboard пејачот рече дека иако веќе имал голем број позитивни критики и голем број обожаватели, за првпат почувствувал дека успеал во музиката дури во 2020-тата година кога татко му признал дека му се допаѓа неговата музика.

„За мене тоа беше вистински успех и сѐ друго што се случувало претходно во нашата врска не беше важно затоа што чувствував дека конечно успеавме да изградиме посебен однос“ – рече тој.

po-smrtta-na-tako-mu-mashin-gan-keli-sepak-i-prosti-na-majka-mu-koja-go-napushtila-na-9-godini-foto-05.jpg

Само неколку месеци подоцна, во 2020-та година, на годишницата од објавувањето на неговиот албум Hotel Diablo, каде се најде и емотивната песна во која ја обвини мајка му, татко му почина, а Машин Ган Кели на социјалните мрежи објави:

„Сакав да ја прославам годишницата од објавувањето на Hotel Diablo денес. Во тој албум кажав сѐ што сакав да кажам и знам дека им се допаѓа на моите обожаватели, но татко ми денес, го зеде последниот здив и никогаш во животот не сум почувствувал таква болка“.

По огромната загуба, негова најголема поддршка била неговата девојка Меган Фокс, која постојано била тука за него.

po-smrtta-na-tako-mu-mashin-gan-keli-sepak-i-prosti-na-majka-mu-koja-go-napushtila-na-9-godini-foto-06.jpg

Сега, 2 години подоцна, додека Машин Ган Кели и неговата свршеница Меган Фокс се подготвуваат за нивната „панк-рок“ свадба и за која сѐ уште не го откриваат датумот, пејачот за првпат на Инстаграм објави фотографија од неговата мајка.

Според, неговите објави, тој повторно стапил во контакт со мајка му во јули минатата година, кога призна дека почнал повторно да разговара со жената што му дала живот, а со која немал никаков контакт цели 22 години.

„Луда приказна, но по сите овие години, јас и мајка ми повторно контактираме, благодарение на моите фанови“ – напиша тој на Твитер.

?lang=en

Прочитајте и Станал татко на 18 години, како тинејџер имал постери од Меган Фокс - Факти за Машин Ган Кели

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg