Мадона во морничаво издание со маска од тантела на лицето, синот Дејвид (16) провоцира со долг црвен фустан (фото)
- Детали
- вторник, 31 мај 2022
Мадона сподели видео на Инстаграм Стори на кое изгледа морничаво поради црната маска од тантела, додека нејзиниот 16-годишен син гордо позира со неа носејќи долг црвен фустан со голем шлиц.
Мадона не престанува да изненадува со бизарните изданија, а изгледа дека и синот Дејвид почнува да ги следи нејзините стапки и да провоцира со изгледот.
Откако 63-годишната пејачка сподели видео на Инстаграм Стори на кое целото лице ѝ е покриено со маска, објави и неколку фотографии со синот Дејвид Банда, кој изненади со модната комбинација.
На видеото на Инстаграм Стори, Мадона пуши наргиле и изгледа морничаво поради црната маска од тантела која ѝ ги покрива целата глава и лицето, освен очите и устата.
Потоа пејачката се насмевнува и го покажува дијамантскиот украс на нејзините заби.
Фотографиите со синот Дејвид се направени за време на натпревар за боречки вештини. Наводно, мајката и синот потоа отишле и во ноќен клуб, каде што е направено бизарното видео на Мадона.
За излегувањето со мајка му, 16-годишниот Дејвид одбрал лежерен долг црвен фустан со бели риги, во комбинација со црни патики и чанта. На една од фотките, тој гордо го покажува и огромниот шлиц на фустанот.
Мадона, пак, носи црни широки тренерки и многу ланчиња, а во описот на објавата напишала „Семејна ноќ со борење“.
Спирова С. | Црнобело