Познати личности кои си го менуваат стилот кога се во врска и го копираат нивниот партнер (фото)

Стилот на Ким Кардашијан пред и по Канје не се ни споредува, а изгледа ријалити ѕвездата сега почнува да му дава предност и на полежерниот изглед, исто како нејзиното ново момче Пит Дејвидсон.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-01.jpg

Секој од нас си има сопствен стил, а истото важи и за познатите личности. Но, неретко некои од нив целосно си го менуваат модниот стил кога се во врска со некоја личност.

Поради некоја причина, некои ѕвезди како да почнуваат да го копираат изгледот на нивниот партнер, па нивниот стил трпи драстични промени.

Кои познати личности го копираат стилот на нивните партнери?

Ким Кардашијан

Пред бракот со Канје, Ким Кардашијан ретко кога знаеше да се облече добро. Но, раперот стана нејзин главен стилист, па драстично ѝ го промени стилот и го направи поскладен со неговиот.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-02.jpg

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-03.jpg

Откако ја почна врската со Пит Дејвидсон, стилот на Ким повторно претрпе промени. Сега, кога се појавува во јавност со новото момче, Ким како да го копира неговиот полежерен изглед.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-04.jpg

Кортни Кардашијан

Промената во стилот на Кортни е можеби најочигледна. Пред да ја почне врската со Тревис Баркер, ријалити ѕвездата беше далеку од модна икона.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-05.jpg

Сега кога е со тапанарот, негува „рокерски“ стил, ист како неговиот.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-06.jpg

Џиџи Хадид

Џиџи Хадид првпат почна да се гледа со Зејн Малик уште во 2015 година. Тој период таа беше многу млада и можеби уште го немаше оформено својот стил, но откако почна да се појавува во јавност со Зејн, стана јасно дека црпи инспирација од неговиот моден стил.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-07.jpg

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-08.jpg

Бред Пит

Многумина се шегуваат дека Бред Пит секогаш се претвора во неговите девојки, а ова е можеби најизразено во периодот кога беше во брак со Џенифер Анистон.

Стилот на актерот постојано се менува и сега тој вели дека најмногу ја цени удобноста.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-10.jpg

Сепак, додека беше со Анистон, неретко го копираше нејзиниот стил.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-09.jpg

Бела Хадид

Сега Бела Хадид е препознатлива по необичните модни комбинации во кои ги спојува најчудните парчиња облека.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-12.jpg

Додека беше во врска со The Weeknd, парот речиси секогаш беше во складна комбинација, без разлика дали лежерна или елегантна.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-11.jpg

Хејли Бибер

Иако Хејли уште го негува нејзиниот забавен стил, кога е со сопругот Џастин Бибер, настојува да ги копира неговите лежерни комбинации.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-13.jpg

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-14.jpg

Меган Фокс

Пред врската со Машин Ган Кели, Меган Фокс како целосно да беше посвети на мајчинството и ретко слушавме новости за неа.

Додека беше во брак со Брајан Остин Грин, актерката не привлекуваше многу внимание со својот стил, но ова драстично се промени по разводот.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-15.jpg

Откако ја очна врската со Машин Ган Кели, стилот на Меган стана многу посмел. И, исто како и нејзиниот нов партнер, и Меган сака да провоцира со облеката и изгледот.

poznati-lichnosti-koi-si-go-menuvaat-stilot-koga-se-vo-vrska-i-go-kopiraat-nivniot-partner-foto-16.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg