Се разведува Вил Смит
- Детали
- среда, 24 август 2011
Еден од најстабилните Холивудски бракови изгледа дека е пред крај. Причините за крајот на бракот на Вил и Џејда Пинкет Смит сеуште се шпекулираат.
ПР службата на актерската двојка ниту ги потврдува ниту ги демантира гласините.
Неодамна Џејда зборуваше за тоа како разводот во ниту една ситуација не е решение за неа и нејзиниот сопруг.
„Му кажав на својот сопруг – откако ме побара да се омажам за тебе, мораш да сфатиш, јас никогаш нема да сакам развод. Може да спиеме во одвоени соби, но и понатаму ќе живееме под ист покрив и ќе бидеме во брак!“ – уверуваше скоро актерката која со сопругот Вил имаат две деца – Џејден и Вилоу.
Дали таа сепак се предомислила во врска со бракот, ќе видиме многу скоро...