Бурно љубовно минато со помлади девојки, прв брак на 50 години - Факти за DJ Tiësto, кој летово доаѓа во Скопје
-->
Во следниот период холандскиот диџеј во целост ќе се посвети на настапите и на музичката кариера, сѐ додека во 2015-та година во Њујорк не ја запознал неговата сегашна сопруга Аника Бекс.
По свадбата Аника даде ексклузивно интервју за Vogue каде откри дека со DJ Tiësto околу два месеци биле пријатели, а откако заедно заминале на Coachella фестивалот, знаеле дека не сакаат да се разделат.
Во 2018-та година Тајс (како што го вика) ѝ приредил романтично запросување на Малдивите каде биле на одмор за Денот на благодарноста.
„Мислев дека само ќе одиме на романтична вечера, но кога стигнавме во ресторанот очекував дека ќе се случи нешто. Имаше патека со латици од рози до една маса на средината и имаше музика со бенд, а ни го имаа донесено и омиленото вино и шампањско. Вечерта прославивме на плажата и во вода“ – откри таа.
-->
Свадбата на DJ Tiësto и Аника се одржа во 2019-та година, а тие двајцата бирајќи локација каде што ќе бидат скриени од очите на јавноста, одлучиле церемонијата да се одржи во луксузен ресорт во пустината Јута.
Според DJ Tiësto, пустината е местото каде што секогаш сака да оди кога сака да се одмори од напорниот живот како музичар.
„Ноќе можете да ги видите сите ѕвезди, а заоѓањата на сонцето и изгрејсонцата се посебни и единствени. Пустината е најромантичното место на планетата Земја“ – вели тој.
-->
-->
Во ноември 2020-та година диџејот објави дека станал татко за првпат и дека Аника се породила со нивната ќерка Виола Маргарет Фервест.
-->
Годинава тој прошета на црвениот тепих на доделувањето на Grammy Music Awards каде го бакнуваше стомакот на неговата сопруга. Тие на социјалните мрежи објавија дека ќе станат родители по вторпат и дека таа е бремена со нивниот прв син.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со...
Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото)
Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак
Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...