Неодолив жолт фустан, бакнеж во јавност со момчето што го крие долго време – Тамара Калиниќ на црвениот тепих во Кан (фото+видео)
- Детали
- вторник, 24 мај 2022
„Некои моменти со него сакам да ги помнам вечно“ – напиша српската модна блогерка Тамара Калиниќ до видеото во кое се гледа како со своето момче прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан.
Најпознатата српска модна блогерка Тамара Калиниќ на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан за првпат прошета заедно со нејзиното момче Филипо Теста.
Тамара долго време го криеше Филипо од јавноста, а сега одлучи на Инстаграм да сподели видео во кое разменува бакнеж со него и во кое се гледа како заедно прошетаа на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Франција.
„Не сум премногу сентиментална, но некои моменти со него сакам да ги помнам вечно“ – напиша таа до видеото.
Прочитајте и Месечно троши над 2.500 евра на облека – Факти за Тамара Калиниќ, најпознатата српска блогерка
Српската инфлуенсерка и блогерка која е прогласена за една од 100-те највлијателни личности во светот на модата, присуствуваше на премиерата на филмот Triangle of Sadness, а го привлече вниманието на присутните со жолтата тоалета од Elie Saab од нејзината колекција Resort 2022.
Таа сподели повеќе фотографии на Инстаграм на кои се гледа дека таа уште еднаш успеа да изгледа беспрекорно и да го привлече вниманието на присутните.
Инаку, Тамара веќе подолго време е во врска со Филипо Теста кој е бизнисмен и во минатото работел како менаџер во модната куќа Balmain, а неодамна со него сними и реклама во која јавноста за првпат имаше можност да види како тој изгледа.
Прочитајте и Се крие од јавноста, важи за моден авторитет - Како изгледа дечкото на најпозната српска модна инфлуенсерка Тамара Калиниќ?
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело