Месечно троши над 2.500 евра на облека – Факти за Тамара Калиниќ, најпознатата српска блогерка
- Детали
- петок, 18 март 2022
Потекнува од богато семејство кое ја имало првата болница во Југославија, но изгубиле многу во војната, признава дека месечно троши над 2.500 долари на облека, а има завидна колекција од чанти вредна над 118.000 евра – факти за најпознатата српска модна блогерка, Тамара Калиниќ.
Тамара Калиниќ е најпознатата српска модна блогерка. На 3 години со семејството побегнала од Сараево во Нови Сад, каде ги поминала детството и тинејџерските денови.
Во моментов на Инстаграм ја следат околу 1,2 милиони следбеници, а својата кариера ја изгради околу нејзиниот бренд Glam and Glitter.
Тамара го привлекува вниманието така што соработува со голем број светски познати брендови како Balmain, Chanel, Fendi и други.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за најпознатата српска инфлуенсерка и модна блогерка...
Тамара Калиниќ е родена во 1989-та година во Сараево, а самата во едно интервју призна дека потекнува од богато семејство.
„Моите родители ја имаа првата приватна болница во Југославија, така што вистина е дека се родив во богатство. Потоа моите родители изгубија сè за време на војната и почнаа да работат повторно и сè да градат од почеток.
Така што, не се срамам од тоа што потекнувам од богато семејство, туку сум им многу благодарна на родителите што ми плаќаа образование во странство“ – вели таа.
На само 3-годишна возраст Тамара морала заедно со семејството да избега од родното Сараево каде беснеела војната и потоа се преселиле во Нови Сад, каде ги поминала детските и тинејџерските години, а денес живее во Париз.
Модната блогерка вели дека е горда на себеси затоа што смета дека целиот успех што го постигнала е резултат на нејзината напорна работа и труд. Откако наполнила 18 години, нејзините родители ѝ плаќале само школарина, а по 21 година веќе во целост престанала да бара пари од нив.
Убавата блогерка по професија е магистер по фармација. Откако ги завршила студиите на Универзитетот во Брајтон, почнала да работи во познат синџир на аптеки во Англија со што ја продолжила семејната традиција. Во 2011-та година одлучила да ја промени професијата и да се занимава со она што најмногу го сака - мода.
Тамара открива дека и покрај тоа што нејзините родители се добро финансиски ситуирани, тие не ѝ помогнале да го започне модниот блог.
„Кога почнав да се занимавам со оваа работа, родителите не ми помагаа финансиски. Кога првпат отворив блог, вложив само 10 долари и купив домејн за веб страна.
Сестра ми купи фотоапарат и ме фотографираше. Тоа е сè што ти е потребно за оваа работа. Во тоа време работев како фармацевт и ја трошев целата плата за патувања на модните ревии“ – вели Тамара.