Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ги терала Џиџи и Бела да гладуваат и уште 5 причини зошто Јоланда Хадид е ужасна мајка

Во средношколските денови, Бела Хадид имала анорексија, а многумина сметаат дека причината за нарушувањето се советите за гладување што ги добивала од нејзината мајка Јоланда.

gi-terala-dzhidzhi-i-bela-da-gladuvaat-i-ushte-5-prichini-zoshto-jolanda-hadid-e-uzhasna-majka-01.jpg

Откако јавноста дозна дека Јоланда дозволила нејзината ќерка Бела Хадид да си направи пластична операција на носот на само 14 години, многумина почнаа да истакнуваат и други инциденти кои покажуваат дека таа е навистина лош родител.

Јоланда Хадид има 58 години и во минатото била модел исто како нејзините ќерки. Но, желбата да им помогне да се пробијат во светот на модата дефинитивно ја направила токсична мајка.

Нејзиниот ужасен однос кон ќерките најмногу доаѓа до израз во ријалити шоуто „Real Housewives of Beverly Hills“ од кое Јоланда беше дел до 2016-та.

Во продолжение шест докази дека Јоланда Хадид е ужасна мајка: 

Јоланда ја советувала ќерка ѝ Џиџи да не јаде многу (или да се изгладнува) уште во тинејџерките години за да не се поправи бидејќи, според неа, само многу слабите девојки успеваат во светот на модата.

gi-terala-dzhidzhi-i-bela-da-gladuvaat-i-ushte-5-prichini-zoshto-jolanda-hadid-e-uzhasna-majka-02.jpg

Исто така, Јоланда ја советувала Џиџи да изеде само половина бадем ако се чувствува слабо поради неисхранетоста.

gi-terala-dzhidzhi-i-bela-da-gladuvaat-i-ushte-5-prichini-zoshto-jolanda-hadid-e-uzhasna-majka-03.jpg

Додека била во средно, Бела Хадид имала анорексија, а многумина се сомневаат дека Јоланда е виновна за тоа. Слично како со Џиџи, таа ѝ ги давала истите совети за гладување и на Бела.

gi-terala-dzhidzhi-i-bela-da-gladuvaat-i-ushte-5-prichini-zoshto-jolanda-hadid-e-uzhasna-majka-04.jpg

Повторно загрижена поради изгледот на телото на нејзината ќерка, Јоланда не ѝ дозволувала на Џиџи да игра одбојка. Таа сметала дека поради спортот Џиџи ќе има мускули и никој нема да сака да ја вработи како модел. Истовремено, бидејќи според Јоланда ова е „машки“ спорт, таа била убедена дека Џиџи е лезбијка затоа што сакала да игра одбојка.

gi-terala-dzhidzhi-i-bela-da-gladuvaat-i-ushte-5-prichini-zoshto-jolanda-hadid-e-uzhasna-majka-05.jpg

Јоланда неретко има дофрлано и расистички коментари. На пример, на видео на кое мејкап артистка ја шминка Џиџи, Јоланда ѝ вели на артистката да внимава „да не ѝ ги направи очите како на Кинез“

Иако Џиџи Хадид пробува да го скрие лицето на нејзиното дете, Јоланда бесрамно објави фотографија на Инстаграм Стори на која се гледаше лицето на детето во рефлексија во огледало. Иако таа веднаш ја избриша фотографијата, се претпоставува дека токму ова ја започнало тензијата помеѓу неа и тогашното момче на Џиџи – Зејн.

gi-terala-dzhidzhi-i-bela-da-gladuvaat-i-ushte-5-prichini-zoshto-jolanda-hadid-e-uzhasna-majka-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бела и Џиџи Хадид се гордеат со нивната кул мајка – на 61 година изгледа исто како во младоста Кул фотки од бременоста со едно од трите деца, додека малечката Бела е покрај не...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg