Меган Маркл против правилата на кралицата – го бакнува Хари во уста, како што Дијана го бакнуваше Чарлс (фото)
- Детали
- понеделник, 23 мај 2022
Според протоколот на британското кралско семејство јавното искажување нежности е нешто што треба целосно да се избегнува, а Меган Маркл и принцот Хари уште еднаш покажаа дека не им е грижа за правилата, слично како што тоа го правеше своевремено и принцезата Дијана.
Принцот Хари и Меган Маркл викендов присуствуваа на хуманитарен поло меч во Санта Барбара, а поранешната актерка и војвотка се појави во елегантно издание со црна кошула со бели точки и бело здолниште.
Меган беше модно усогласена со нејзината најдобра пријателка, Абигејл Спенсер која е позната по улогата во серијата Grey’s Anatomy.
Кралската двојка која се пресели во САД и се обиде да се оддалечи од кралското семејство во Велика Британија уште еднаш покажа дека не се грижи премногу за протоколите и правилата што им се наметнуваа во Лондон.
Меган и Хари и во минатото јавно разменувале нежности, а Меган во една прилика се појави во скандалозен црвен фустан што секако не беше во согласност со кралските протоколи.
Таа сега отиде чекор понапред и предизвика овации кај присутните откако јавно го бакна во уста својот сопруг.
Откако тимот на нејзиниот сопруг Los Padres победи на натпреварот, Меган ги бакна сите членови на тимот во образ, а на Хари му подари страстен бакнеж во уста.
https://twitter.com/NotARoyalFan1/status/1528577152744054784
Sealed with a kiss pic.twitter.com/ItrKhqhPBN
— Ori (@OritzBlue) May 23, 2022
Видеото од нивниот бакнеж рекордно се прошири нa социјалните мрежи иако ова не е првпат Меган и Хари јавно да се бакнуваат во уста по поло меч. Истото го направија во 2018-та година.
Упатените во кралското семејство, овој бакнеж ги присети на бакнежот на Дијана и Чарлс во 1985-та година, односно само неколку месеци откако Хари беше роден, кога тие двајца јавно разменија бакнеж во уста по хуманитарен натпревар во Виндзор.