Том Круз се откажа од ботоксот, „Хурем“ во асиметричен фустан – Највпечатливите модни изданија од Кан 2022 (фото)

Гламурот се враќа на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан. На југот во Франција се собраа голем број светски филмски ѕвезди и познати личности, кои во изминатите два дена имаа можност да прошетаат на црвениот тепих и да се покажат во најдобро издание.

tom-kruz-so-vidlivi-brchki-okolu-ochite-hurem-sultan-vo-asimetrichen-fustan-najvpechatlivite-modni-izdanija-od-kan-2022-foto-01.jpg

Филмскиот фестивал во Кан започна во вторникот (17.05), а повеќе познати личности прошетаа на црвениот тепих и оставија впечаток со модните изданија во кои се појавија. Ева Лонгорија, Том Круз и Џенифер Конели, но и турската актерка Мерием Узерли позната по улогата на Хурем Султан во серијата „Сулејман Величествениот“ прошетаа на црвениот тепих во Кан.

На премиерата на филмот Top Gun: Maverick, што се одржа во средата, главни ѕвезди беа актерите Том Круз (59) и Џенифер Конели (51).

Том по 30 години имаше можност имаше да ја одигра повторно улогата на Пит Маверик, која му ја донесе најголемата слава во кариерата, а на црвениот тепих се појави во костум во тегет нијанса.

Судејќи по брчките на неговото лице изгледа актерот одлучил да направи пауза од естетските корекции откако минатата година се појавија фотографии на кои се гледа дека актерот користел филери и ботокс.

Кои други актери се појавија во највпечатливи изданија од црвениот тепих во Кан во изминатите два дена?

Погледнете ја галеријата во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Експериментирал со хомосексуални врски, се борел со зависности – Помалку познати факти за Том Харди Во една пригода откри дека бил подготвен да ја продаде и мајка му за да најде оп...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г... Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...
9 познати дами кои изгледаат како да го имаат еликсирот за вечна младост  Рис Витерспун на 48 години изгледа како девојка во 30-тите години, Калиопи на 57...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Кендал Џенер без градник во проѕирен фустан, Деми Мур совршена на 61 година – Славните на Academy Mu... Криси Тајген гордо позираше со сопругот Џон Леџенд, а на настанот се појавија и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg