Адријана Лима по примерот на Ријана – во смел аутфит, со разголен труднички стомак, на Кански фестивал (фото)
- Детали
- четврток, 19 мај 2022
Се чини дека Ријана го прослави трендот со разголен труднички стомак на кој не одолеа ниту Адријана Лима – супермоделот се појави на Канскиот филмски фестивал со фустан кој има исечок кај стомакот.
Следејќи го примерот на Ријана, Адријана Лима се појави на Канскиот филмски фестивал со разголено трудничко стомаче.
Моделот зачекори на црвениот тепих пред проекцијата на новиот филм на Том Круз – Top Gun: Maverick – со долг црн фустан со гол стомак.
Супермоделот носеше креација од Balmain со долги ракави и исечок на предниот дел кој целосно го откриваше нејзиното трудничко стомаче.
Адријана го комбинирала фустанот со црни сандали и обетки со розови скапоцени камења.
Мејкап артистот кој се погрижил за шминката на Адријана сподели неколку фотки и видеа, покажувајќи како се одвивале подготовките за црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.
Според видеата и описот, Адријана има шминка, односно масло со светки на нозете и стомакот.
Со супермоделот беше и нејзиниот партнер Андре Лемерс со кого го очекуваат нивното прво дете. На заедничките фотки на црвениот тепих, Андре стои зад Адријана и го допира нејзиното стомаче, а на една фотографија споделуваат и бакнеж.
40-годишниот модел веќе има две деца - Валентин и Сиена - од поранешниот сопруг Марко Јариќ со кого беше во брак од 2009 до 2016 година.
Прочитајте и: Адријана Лима (40) отечена во лицето, но секси, пристигна во Кан во поодмината бременост (фото)
Спирова С. | Црнобело