Ана Курникова објави ретка семејна фотка по повод 47-иот роденден на Енрике – ја бакнува во уста едната ќерка, а другата му седи на раменици
- Детали
- вторник, 10 мај 2022
Познатиот пејач Енрике Иглесијас викендов го прослави 47-иот роденден, а неговата партнерка Ана Курникова сподели семејна фотографија по тој повод. Едната ќерка ја држи на рамениците, другата ја бакнува во уста, а Ана порача дека тој е најпрекрасен татко.
Поранешната тенисерка Ана Курникова (40) и светски познатиот музичар Енрике Иглесијас заедно имаат три деца, а викендов таа по повод роденденот на нејзиниот партнер сподели ретка фотографија на која се гледа целото семејство.
На фотографијата Ана ги држи близнаците Николас и Луси (4), а Мери (2) е качена на рамената на тато.
„Среќен роденден на најпрекрасниот татко. Те сакаме најмногу“ – напиша таа до фотографијата.
Големиот број следбеници на Ана со воодушевување ги дочекаа новите фотографии од парот кои се познати по тоа што својот приватен живот го чуваат подалеку од очите на јавноста.
Тие се запознаа во 2001-ва година кога Ана глумеше во видеоспотот на Енрике за песната Escape, а за првпат заедно во јавност се појавија на црвениот тепих на доделувањето на MTV VIDEO Awards во 2002-ра година.
Ана и Енрике долго време се заедно, а на прашањата за брак пејачот во една прилика рече дека стапиле во брак и се развеле, а тенисерката во едно интервју, пак, откри дека не планира никогаш да стапи во брак.
Б. С. Б. | Црнобело