Гените се чудо: Ќерката на Хајди Клум е 18-годишна синоока кукла од реалноста (фото)
- Детали
- четврток, 05 мај 2022
Татко ѝ е италијанскиот милијардер Флавио Бриаторе, но на 5-годишна возраст ја посвои пејачот Сил, тогашниот сопруг на нејзината мајка Хајди Клум. Сега, Лени Клум наполни 18 години и е вистинска убавица, која гради кариера во модниот свет...
Ќерката на Хајди Клум тргна по нејзините стапки во светот на модата. Лени Клум, која вчера (04.05) го прослави својот 18-ти роденден, веќе гради кариера на модел и е активна на модните писти.
Синооката убавица е доказ дека гените се чудо и дека убавината е наследна.
Лени е ќерка на Хајди и нејзиниот поранешен Флавио Бриаторе, но поранешниот сопруг на Хајди, музичарот Сил, со кој Хајди беше во брак од 2005 година до 2014, ја посвои Лени кога таа имаше 5 години.
Флавио Бриаторе
Сил
Лени уште како мала се има појавувано со мајка си во разни модни магазини, а во една пригода изјави:
„Отсекогаш посакував да бидам модел, уште кога имав 12 години. Оттогаш имав свои омилени модни брендови. Но, мајка ми се согласи да почнам да работам како модел дури кога наполнив 16 години. Оттогаш го работам тоа и го обожавам.“