На 15 години била киднапирана, ја нашле врзана во багажник – Мрачни тајни од животот на Џесика Алба
- Детали
- недела, 01 мај 2022
Како дете боледувала од повеќе болести, па речиси целото детство го поминала во опрации и болници, а на 15 години била киднапирана за време на снимањето на нејзиното шоу Flipper и до ден-денес не сака да говори за немилиот настан - мрачни тајни од младоста на Џесика Алба.
Џесика Алба (41) важеше за едно од најзвучните имиња во Холивуд, иако во последните години не снима филмови и е посветена на семејството, сепак привлекува внимание со нејзиниот изглед, а за нејзините рани години постојат повеќе мрачни факти за кои ретко говори.
Мајка ѝ по професија била спасувач на плажа, па така Џесика вели дека научила да плива уште пред да научи да оди, а како дете често се селела затоа што татко ѝ по професија бил воен пилот.
На пет години знаела дека сака да стане актерка, а нејзиното детство воопшто не било лесно.
Погледнете во продолжение неколку мрачни тајни од животот на Џесика Алба:
Семејството на Џесика било мошне религиозно и израснала во стрoго католичко опкружување.
Џесика со татко ѝ и со братот
Како девојче Џесика страдала од повеќе болести, како пневмонија, астма, инфекција на бубрезите, циста на крајниците. Заради постојаните престојувања во болници и честото селење, како дете немала многу пријатели и водела осаменички живот.
На сцената се појавила релативно рано, на возраст од само 13 години во 1994-та година играла во филмот Camp Nowhere, а се појавувала и во реклами за брендови како J.C. Penney и Nintendo.
Во 1996-та година, на возраст од 15 години била на снимањето на нејзиното прво шоу Flipper кога почнала да добива чудни телефонски повици. Набрзо потоа била киднапирана и исчезнала цели 14 часа.
Џесика била најдена во багажник од автомобил врзана и со прекриени очи. Случајот останал неразрешен затоа што таа не дала повеќе информации за сторителите, а за овој настан одбива да говори и до ден денес.
Таа повеќепати говорела за тоа дека израснала во мошне религиозно семејство, а во црквата имала проблеми заради убавиот изглед. Таа раскажува дека повозрасни мажи постојано ѝ се додворувале, а свештеникот ѝ рекол дека таа е виновна затоа што се облекува премногу провокативно.
„Заради тоа почнав да се чувствувам виновно доколку им се допаѓав на претставниците на спротивниот пол и направи да се срамам од сопственото тело и од тоа што сум жена.“