Принцот Хари вози велосипед, Емили Ратајковски во „крпени“ пантолони го шета синот - Фото-докази дека и ѕвездите се обични луѓе
- Детали
- сабота, 30 април 2022
Бела Хадид купува балони за роденденската забава на Џиџи Хадид, Мила Кунис чека ред за храна - иако понекогаш мислиме дека богатите и славните имаат асистенти и помошници што им ги завршуваат сите обврски во нивниот живот, овие овие фотки покажуваат дека тоа не е така со сите.
Славните, исто како и обичните луѓе, купуваат балони за прославите на нивните најблиски, уживаат во прошетка со најблиските или возат велосипед.
Понекогаш и славните треба да ги засукаат ракавите и сами да кренат тешки предмети или пак да завршат некои обврски за домот.
Погледнете во продолжение повеќе фото-докази што покажуваат дека и славните се само обични луѓе со вообичаени потреби:
Принцот Хари вози велосипед за време на игрите Invictus во Холандија
Гвен Стефани носи цвеќе во домот на татко ѝ за велигденски ручек
Бела Хадид купува балони за роденденската забава на Џиџи Хадид
Лана Дел Реј во кратки пантолони и дуксер оди во црква
Емили Ратајковски во „крпени“ фармерки и кроп-топ на прошетка со семејството
Бен Афлек носи тешка опрема, а Џеј Ло го следи во фармерки и во маица