Необични пријателства од светот на славните со голема возрасна разлика
- Детали
- понеделник, 02 мај 2022
Откако Крис Џенер ѝ испратила роденденска торта на Џенифер Лоренс, тие се практично неразделни, без разлика што возрасната разлика помеѓу нив е 35 години. Крис вели и дека ја гледа Џенифер како нејзина ќерка.
Честопати се зборува за познатите љубовни парови со голема возрасна разлика. Но, можеби уште поинтересни се пријателствата од светот на славните на ѕвезди помеѓу кои има и по неколку децении разлика.
Дел од овие пријателства во продолжение:
Кортни Кардашијан (42) и Адисон Реј (21)
Кортни и Адисон се спријателиле благодарение на 12-годишниот син на ријалити ѕвездата.
По неколку заеднички ТикТок видеа на Адисон и синот на Кортни, младата инфлуенсерка почна да се појавува и во видеата на Кортни, па стана јасно дека се зближиле.
„Кортни ми е одличен ментор, неверојатна пријателка и личност која можам да ја прашам што било“, изјави Адисон за необичното пријателство.
Според Кортни, пак, тие се блиски бидејќи самата Кортни се чувствува како жена со младешки дух, па дружбата со Адисон била вистинско освежување.
Џенифер Анистон (53) и Селена Гомез (29)
Џенифер и Селена се запознале во 2014 година, благодарение на нивниот заеднички менаџер, а оттогаш почнале и интензивно да се дружат.
„Таа е како мал ангел за којшто сакам да се грижам“, изјави Анистон во интервју.
Селена вели дека веднаш се спријателила со Џенифер, па и дека редовно заедно прават пица.
„Таа ми дава одлични совети. Многу е кул и многу е добра“, вели пејачката за нејзината пријателка.
Ед Ширан (31) и Кортни Кокс (57)
Кортни и Ед се зближиле во 2013 година, на забава организирана во домот на актерката.
Таа вечер пејачот преспал на нејзиниот кауч, а наводно Ед преспал во куќата на Кортни уште неколкупати потоа. А, токму ова го зацврстило нивното пријателство.
Ед откри дека се согласуваат одлично, но и дека тој редовно прави шеги на сметка на Кортни.
Елтон Џон (75) и Еминем (49)
Елтон Џон и Еминем настапуваа заедно на Греми наградите во 2001 година и оттогаш се навистина добри пријатели.
Нешто што ги зближило можеби најмногу се заедничките обиди да се ослободат од пороците.
„Кога првпат сакав да престанам со користење дрога, му се јавив на Елтон бидејќи тој најдобро знае колку тешко може да биде тоа“, изјави Еминем.
Ова го потврди и познатиот пејач:
„Му помагам на Еминем и му оди одлично“.