Пробала да го задави со полнач, ѝ се заканувала на Кајли Џенер – детали за бурната врска на Роб Кардашијан и Блек Чајна
- Детали
- вторник, 26 април 2022
Скандалозните детали од врската на Роб Кардашијан и Блек Чајна повторно излегоа на виделина, а овојпат три од сестрите Кардашијан-Џенер, заедно со мајка им Крис, тврдат дека Блек била насилна, па дури и му се заканила на Роб со пиштол.
Бурната врска на Блек Чајна и Роб Кардашијан – повторно е во центарот на вниманието благодарение на судската битка што ја води Блек со Ким, Клои и Кајли.
Блек Чајна беше верена со братот на Кардашијанс, а со него почна да снима и ријалити шоу. Но, шоуто беше откажано по една сезона во 2016 година, а Блек Чајна вели дека за ова се виновни Ким, Клои и Кајли. Сега таа ги тужи сестрите и бара отштета од 100 милиони долари.
Според Блек, Кајли е најголемиот виновник за откажувањето на шоуто, но адвокатот на Кардашијанс вели дека шоуто било откажано бидејќи така одлучила телевизијата – штом таа и Роб раскинале, телевизијата E! Network, едноставно, го откажала шоуто.
Иако не е познато што точно се случило, на судењето Кардашијанс изнесоа нови шокантни детали од врската на нивниот брат со Блек Чајна.
Во едно од последните сведочења, Кајли Џенер изјави дека Блек Чајна дури и се обидела да го убие Роб Кардашијан по жестока расправија во 2016 година.
Наводно, додека Роб играл видеоигри, Блек Чајна пробала да го задави со полнач за телефон.
„Роб ми рече: ’Се обиде да ме убие‘. Се сеќавам дека беше многу тажен и се обидуваше да ми објасни што се случило“, изјавила Кајли во судницата.
Бидејќи Блек Чајна беше и во врска со Тајга, бившиот на Кајли Џенер, Кајли сподели дека честопати добивала заканувачки пораки од неа.
„Ми испраќаше вознемирувачки пораки и ми велеше дека ги одбројувала деновите за да ме истепа. Тогаш не ја сфаќав сериозно“.