Кортни Кардашијан во избледена маица, Хилари Даф без градник во шопинг – Фото-докази дека и ѕвездите се обични луѓе
- Детали
- сабота, 16 април 2022
Сара Џесика Паркер беше забележана додека се шеташе низ улиците на Њујорк, Кортни Кардашијан откако „тајно“ се омажи за Тревис Баркер деновиве беше фотографирана во избледена маица и тренерки.
На црвениот тепих ги гледаме средени, нашминкани и дотерани, а папараците успеваат да ги уловат и како изгледаат во секојдневието.
Спротивно од популарното мислење дека постојано се совршени и ѕвездите имаат денови кога не им е до средување и дотерување, па од фотографиите може да се види дека и тие се обични луѓе како нас и има денови кога им е поважен комфорот од изгледот.
Додека некои од познатите се подготвуваат за велигденските празници и одат во шопинг, Џенифер Гарнер е фотографирана како во несредено издание сама ја зема тортата за прославата на нејзиниот 50-ти роденден.
Погледнете повеќе фото-докази во продолжение што укажуваат на тоа дека и ѕвездите се обични луѓе како нас.
Бела Хадид на тренинг со момчето
Кортни Кардашијан во шопинг во избледена маица и тренерки
Бен Афлек и Џеј Ло во потрага по нов дом
Џенифер Гарнер ја зема тортата за прославата на 50-иот роденден
Сара Џесика Паркер на прошетка неколку дена откако информира дека е позитивна на ковид
Хилари Даф во претпразничен шопинг со ќеркичката
Б. С. Б. | Црнобело