Најраскошните (и најскапите) венчавки на познатите личности од изминатата деценија
Ким Кардашијан и Канје Вест (2014)
Уште еден пропаднат брак на Ким, но и уште една раскошна венчавка.
Познатиот рапер и ријалити ѕвездата потрошија 12 милиони долари за нивната свадба, а според изворите, дизајнерската венчаница на Ким чинела околу половина милион долари.
На венчавката пееше Андреа Бочели, а Џон Леџенд ја испеа All of Me за првиот танц на младоженците.
Џорџ и Амал Клуни (2014)
Очигледно Италија е најпопуларна дестинација за свадбите на познатите, па и Џорџ и Амал Клуни се венчаа овде.
Нивната прослава траеше три дена, а „главната“ венчаница на Амал Клуни чинеше 380.000 долари.
За тридневната прослава, познатиот пар одвоил 4,6 милиони долари.
Принцот Хари и Меган Маркл (2018)
И принцот Хари и Меган Маркл имаа раскошна кралска венчавка која чинеше неверојатни 42 милиони долари.
Преносот од настанот го следеа 30 милиони луѓе, а за разлика од венчавката на Кејт и Вилијам, на венчавањето присуствуваа „само“ 600 гости.
Венчаницата на Меган чинеше околу 260.000 долари.
Ник Џонас и Пријанка Чопра (2018)
Ник и Пријанка одлучија да направат две церемонии – една хинду (бидејќи Пријанка е Индијка) и една христијанска.
За двете церемонии потрошиле „скромни“ 830.000 долари.
Не е познато колку точно чинеле венчаниците на Пријанка, но биле потребни над 3.000 часови за да се направи црвениот фустан што го носеше на хинду церемонијата.
Спирова С. | Црнобело