„По забавите со Мерлин Менсон 3 дена бев заложник, ме силуваше со шише“ - Амбер Херд со нови тврдења против Џони Деп
Од друга страна, одбраната тврди дека Амбер Херд се обидувала на секој начин да испровоцира насилна реакција од нејзиниот тогашен сопруг.
„Таа се служела со физичко насилство, фрлала предмети врз него, го удирала, му велела дека е кукавица, дека не е доволно маж затоа што не сакал да остане и да продолжи да се расправа со неа“ – тврдат адвокатите на Деп.
Актерот видно потресен го следеше сведочењето на неговата сестра Кристи Дембровски (61) која сведочеше во негова корист и изнесе повеќе детали од детството на актерот.
Таа нивниот татко го опиша како љубезен и нежен човек, а мајка им како мошне напната, нервозна и гневна личност.
Како што опишува таа, во нивното семејство мајка им често знаела да се налути на татко им, да фрла предмети во домот и да вика, на што тој најчесто молчел и се трудел на секој начин да го сочува мирот во семејството.
На прашањето како мајка им ги третирала децата, Кристи вели:
„Слично како што се однесуваше кон татко ми. Ни викаше, нè удираше, фрлаше предмети по нас, нè нарекуваше со погрди имиња.
Таа имаше неколку погрдни имиња за Џони што воопшто и не сакам да ги повторам, а омилено ѝ беше ‘едноок’ затоа што кога брат ми беше мал докторите забележаа дека има „мрзливо око“ и му ставија превез на здравото око за да му помогнат.“
Сестрата на Џони вели дека честопати се случувало мајка им да биде насилна со него, а тој најчесто молчел и трпел или си заминувал во сопствената соба.
Дополнително таа откри и дека имала прилика да сведочи на тоа како поранешната сопруга на нејзиниот брат се однесувала кон него, како што вели, честопати Херд користела навреди и го нарекувала актерот „стар и дебел“.
Б. С. Б. | Црнобело